Раскажувам, значи постојам – Владимир Мартиновски
Во човековата природа е да ги раскажуваме нештата што ги доживуваме. А од перцепцијата и од искуството на човекот зависи начинот на раскажување. Сепак, приказната менува многу нешта – можеби туѓи размислувања и перцепции.
Но, ниту една приказна не е „пуст остров“. Приказната добива значење само ако се раскажува и прераскажува, ако се споделува и доживува од аспект на другиот. Тогаш, таа блеснува со сиот свој сјај и ја исполнува основната мисија – да го изгради мостот на постоењето.
Во саботата, 12.12.2015, во просториите на Јавна Соба (Public Room) се одржа курсот Storytelling – “Како да пишувате за странски медиуми” преку Brainster, кој имаше за цел да ја доближи идејата и перцепцијата на Нина Николиќ за раскажување на инспиративни StartUp приказни.
Нејзината вклученост во македонската стартап заедница започнала од минатата година кога и официјално била избрана да биде прв и едниствен StartUp Scout за медиум од Виена. Таа ја наоѓа својата страст во тоа да патува и да ги запознава луѓето со слични идеи и видувања. “Let’s grab a coffee, discuss StartUps, and take a Selfie – е мотото на нејзиниот блог и начинот на кој таа ги споделува приказните на нејзините соговорници.
Mожеби ќе ве интересира некоја од следниве курсеви:
- Storytelling: Како да пишувате за странски медиум со Нина Николиќ
- The art of Finance – како до подобра финансиска иднина со Михајло Николовски
“Преку StartUpSelfie сакам да понудам различна содржина и да ја раскажам приказната на секој стартап ентузијаст кој имам можност да го запознаам, со цел да се мотивираат и инспирираат сите оние кои би сакале да започнат споствен бизнис или некако да се вклучат во стартап заедницата.“ потенцираше Нина.
Своите гледишта со нас ги сподели и Коста Петров, основач и директор на P-World компанијата, компанија која е своевидна приказна за тоа како се создава глобален бренд кој потекнува од Македонија. Неговото мото – “играј самостојно, дејствувај глобално” е начинот како тој создава брзорастечки бренд и кој е инспиративен за сите кои сакаат да создадат нешто свое и иновативно. Исто така Коста говореше и за тоа како дошло до соработката со реномираниот Huffington Post.
“За да пишувате за HuffPost, мора да добиете официјална покана, изборот на теми е оставен на вас, а тие одлучуваат колку ќе ве едитираат и дали вашата сторија ќе биде објавена. Во моите колумни, а и секогаш кога пишувам ја користам техниката на Storytelling и се трудам сето тоа да биде на разбирлив јазик, не сум голем љубител на терминологија која што треба да се дообјаснува. Верувам дека, на тој начин Вашата сторија има поголеми шанси да допре до поголема публика“ –изјави Коста.
Иако, не знаевме точно што не очекува на овој курс и кој е вистинскиот начин да се раскаже една приказна за таа да ја освои светската публика, инструкторката одлично не воведе во основите на Storytelling-от и дознавме за инстересните трикови и техники кои таа ги користи при нејзината работа и како допира до читатели од различни делови во светот. Исто така, со изборот на одличен и релевантен гостин говорник, како и со интересниот избор на прашања кои таа му ги поставуваше, можевме да дојдеме до главната поента која Коста одлично ни ја долови: Емотивна, вистинска приказна која е раскажана на разговорлив јазик и концизно нишани кон поентата, е одличен начин луѓето да се поврзат со сторијата која ја споделувате.
Обуките од овој вид носат новитети во секоја област и треба да бидат почесто посетувани од луѓе кои имаат аспирации кон нови можности. Раскажувањето е начин да допреме до сите и треба што е можно подобро да се искористи. Од тука излеговме сите со знаење “ Раскажувај локално, дејствувај глобално, за светот да ја слушне твојата приказна.”
Следната работилница со Нина е веќе закажана – се гледаме на 26.01.2016. Пријавете се!
Напишано од:
Дора Попова
Данче Драгинова
Алма Растодер
Марија Ангеловска
Анамарија Велиновска
Учесници на курсот Storytelling – како да пишувате за странски медиум (12.12.2015)
Едитирано од:
Нина Николиќ
Инструктор на курсот Storytelling – како да пишувате за странски медиум (12.12.2015)