Стојанче Манев е студент на Академијата за програмирање кој ја изгради сам Dream Tutorial платформата. Наменета да им помага на идните студенти да научат повеќе вештини чекор по чекор, таа се состои од преку 300 туторијали и може да се користи бесплатно. Студентите од Brainster ќе можат да придонесат за развивање на платформата со прикачување на туторијал од она што го научиле.
Здраво Стојанче 🙂 Кажи ни нешто повеќе околу твојата позадина во образованието, дали отсекогаш размислуваше да учиш програмирање?
Моето формално образование ССР во областа на енергетика и електротехника и неодамна пред да ја започнам на Академијата во Brainster започнав да студирам на еден од факултетите за бизнис и економија во Скопје.
Во минатото не сум размислувал дека еден ден ќе можам да научам програмирање, имав само некаков контакт со креирање блогови со помош на WordPress.
До оваа идеја дојдов преку препорака од пријател кој веќе ја заврпил Академијата за програмирање. Веќе подолго време слушав за неа па не требаше многу да зборува за да ме заинтересира:)
Што беше пресудно да ја одбереш оваа Академија?
Па вака, откако се заинтересирав, почнав да правам истражување. Во еден ден се јавив на сите можни академии кои ги најдов на социјалните мрежи, ги прочитав сите програми и модули кои се изучуваат. За Brainster се одлучив бидејки имаше најбогата програма, најмногу часови на распоред за учење посебно вежбите кои беа закажани од 5 часа секоја недела. Пресудно ми беше грижата на корисници кога се јавив, вработените потрошија време објаснувајки ми љубезно и детално за Академијата па потоа ме поканија на интервју.
На Академијата ја изгради сам Dream Tutorial платформата која им помага на идните студенти да научат повеќе вештини. Раскажи ни повеќе за тоа искуство.
Продукт на кој сум најгорд е https://dreamtutorial.com , иако на академијата учев FullStack програмирање по завршување се одлучив да научам плус програмски јазик React JS и заедно со Ларавел кој го научив на Академијата и воедно се главните програмски јазици за овој продукт. Идејата дојде од еден од проектите кои ги работевме на Brainster. Dream се состои од преку 300 туторијали кои во иднина би помогнале на некои од идните студенти за доучување на различни модули и програми, но што е најбитно е дека секој може да придонесе за развивање на овој продукт со постирање на сопствен туторијал. Dream Tutorial e free, но има можност за заработка преку реклами, сеуште е во развојна фаза, и наскоро неговата појава ке биде интезивирана а се надевам и заработката би била подобра.
Што беше најдоброто нешто што го извлече од нашата Академија? Како ти се промени начинот на размислување?
Најдобро нешто е тоа што добив многу поголема желба за учење и развивање, желба за успех, за напредок за никогаш да не застанеш и да се надрадуваш!
Раскажи ни за твојата нова работа. Дали ова беше нешто што си го замислуваше да го работиш?
Мојата нова работа ке биде во една од фирмите во која бев препорачан од најдобриот инструктор Ивица Пешовски. Ке работам како Junior full stack developer, најмногу ме радува што во овој период се работи од дома, и на одлични продукти. Покрај ова имам шанса да работам и како фрееленсер за една многу голема компанија Remote Control Depot, во која сум одговорен за нивниот Frontend за апликација која ке им помогне за анализирање на податоци за продажба.
Пред да дознаам за академијата никогаш не сум помислувал дека за 1 година може да научиш програмирање и да добиеш работа како програмер.
Што е она кое го научи тука, а сметаш дека не можеше на друго место.
Многу е јасно, редоследноста на програмирање, начин на изучување кој за разлика од пред тоа удирав со глава во ѕид иако сум можел да го научам полесно. Креирање на продукт од почеток до крај. Сите модули беа одлично прикажани со доволно вежби. Овде исто така можете да се обратите на инструкторите и по завршување на Академијата ☺ .
Кога би требало да ги советуваш сите кои размислуваат дали да се запишат на програмирање кои три клучни пораки би сакал да ги пренесеш.
Мора да бидет посветени,
Да имаат желба за учење и трпение секој ден,
Упорноста секогаш се исплати, немојте да се самоуништувате со негативни мисли, ке успеете, само можеби треба да посветите еден час плус.
Ако размислуваш и ти за ваква кариерна промена, аплицирај тука!