Овој текст е дел од серијата лекции „Како до успешна кариера 101“.
Иако сè уште сме убедени дека сè што ти е потребно за да ја добиеш работата која ја посакуваш е добро резиме и успешно интервју, мора да се соочиме со комплексноста на ситуацијата и сите влијанија кои не можеме да ги контролираме.
Според Business Insider, за успешно интервју е потребно многу повеќе од совршено одговарање на сите поставени прашања. Постојат многу мали детали кои подвесно влијаат на начинот на кој работодавецот те доживува и проценува. На пример, секогаш е добар совет да пристигнеш за интервјуто на време или неколку минути порано, сè додека не дојдеш прерано, затоа што тоа кај менаџерите влијае негативно.
Конкретното време во денот исто така влијае на шансите за вработување. Доколку, да речеме, интервјуто е закажано за крајот на работниот ден, има шанси работодавецот да е веќе уморен и фокусиран на други работи – како планови за вечера или пијачка. Или пак доколку времето надвор е лошо, шансите да ја добиеш работата се помали.
Поголемиот дел од овие причини звучат брутално, токму затоа што не можеш да ги контролираш или промениш, но на некои од овие мали фактори навистина можеш да работиш. Секогаш можеш да внимаваш на тоа што правиш додека чекаш во ходникот да те повикаат да влезеш, според некои истражувања, не е паметно да зборуваш на телефон и треба да внимаваш да се однесуваш фино со рецепционерот.
Други работи на кои можеш да влијаеш се – да пробаш да бидеш единствениот човек кој е интервјуиран тој ден, да се чувствуваш моќно и самоуверено, да внимаваш на начинот на кој се ракуваш и да не го прифатиш кафето кое ќе ти го понудат. Избери ја паметно бојата на твојата гардероба, најбезбеден избор се конзервативни бои како црна, кафена, сива и сина, избегнувај ги светлите бои како портокаловата.
Многу е важно да внимаваш на манирите. Исклучи го твојот телефон и не го чувај на масата, не седнувај пред да седне работодавецот, делувај пријатно и опуштено но не се смеј премногу – културна насмевка е сосем доволно и внимавај на погледот, постојано гледај го работодавецот во очи, доколку се повеќе, менувај го погледот од еден на друг.
Посвети внимание на начинот на кој се движиш и начинот на кој седиш, твојот од кажува многу за твојата самодоверба, начинот на кој се доживуваш себеси и на кој другите ќе те доживеат пред да те запознаат. Внимавај кога седиш да не го правиш тоа преопуштено, преку што ризикуваш да делуваш несериозно и неодговорно.
Со некои од овие фактори ќе мора да се соочиш дека се вон твоја контрола како: од каде доаѓаш, звукот на твојот глас, твојот акцент, твојата тежина и колку си харизматичен. Но гледај на светлата страна, секогаш можат да бидат добар изговор и утеха кога нема да ја добиеш новата работа која ја посакуваш.
Изгради успешна кариера, регистрирај се на kariera.brainster.co и добивај ги најдобрите огласи за работа, во твоето e-mail сандаче!
Brainster Кариера и Вработување на Linkedin
Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, вработување, најди работа, kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, работа, нова кариера, работни услови, интервју.