Како можеш да заработиш со SEO?

 За сите оние кои ги интересира нешто повеќе околу Search Engine Optimization, ја прашавме Билјана Димовска, SEO експерт и инструктор на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster, да ни раскаже нешто повеќе за оваа гранка на дигиталниот маркетинг:

За да заработите од одреден тип на сервис потребно е да знаете:

  • Дали има пазар за него, т.е. дали на некого му е потребен. 
  • Дека постои можност за лесна дистрибуција, односно, дали можете лесно да стигнете и да доставите до луѓето на кои им е потребен.
  • Дали има од каде да се информирате или од почеток да научите се’ за тој сервис.
  • Дали постои логистичка поддршка за реализација на сервисот и дали можете да ги предвидите и контролирате трошоците на работењето.


Има ли каде да се научи SEO во Македонија?

SEO или сервисот за оптимизација на веб страни за интернет пребарувачи е една од најстарите гранки на дигиталниот маркетинг заедно со Google Ads.  Токму од оваа причина постојат многу информациите за оваа дејност како и многу онлајн заедници, форуми, блогови кои можат да ви пружат релевантни информации за SEO. Од друга страна постојат и институции како Brainster каде можете да добиете формално структурирано знање за SEO кое ви е појдовна точка за понатамошна лесна надоградба. Значи со информации и со медиуми за учење добро сме покриени. 

Дали SEO е баран сервис?

Заради својата распространетост, како и природата на овој сервис SEO е една од најбараните дигитал маркетинг сервиси во светот. Имено кога се практикува SEO, познато е дека се потребни неколку месеци интензивна работа за да се прикажат резултати. Меѓутоа, резултатите во SEO покажуваат дека сте постигнале статус на авторитен бренд во вашата релевантна индустрија. Тогаш интензитетеот на работа се намалува со насока на одржување на тој авторитет или пак проширување на публиката, но резултатите или придобивите од SEO остануваат стабилни.

Заради овие карактеристки на сервисот, SEO е повеќе баран и од сервисот за поставување платените реклами (PPC services). 

Е сега знаеме дека сервисот е баран и знаеме дека има каде да се учи за SEO.

 Дали можеме лесно да се стигне до потенцијални клиенти?

Апсолутно ДА. Нашата татковина со својата местоположба е во временска и географска зона, каде комуникацијата со западноевропските земји, Америка, Канада па и Австралија е прилично лесна. Ова е многу важно за олеснет контакт со клиентите. Покриеност со стабилен интернет пристап е исто така на високо ниво. Со ова имаме олеснет пристап до сите места онлајн каде што се објавуваат SEO огласите. За да стигнеме до овие сајтови потребно е само истражување.

Дали имате голем трошок да почнете со работа?

Од аспект на место за работа, природата на работата е таква што можете да работите од каде вие сакате: дома, на плажа, на планина, каде ви е најудобно – таму. Така лесно можете да ги контролирате трошоците за канецалриски простор.

Нормално ви треба техничка опрема (лаптоп), познавање барем на англискиот како странски јазик и воља за постојано учење.

Нема пари преку ноќ!

Парите нема да почнат да течат веднаш, ама ако седнете да работите и почнете со помали проекти, ќе изградите потфолио на вашата работа, ќе постигнете одредено ниво на доверба кај клиентите, ќе научите како да давате понуди за нови проекти и постепено ќе раснете. Ова е реалниот приказ на работите. 

По одреден број на квалитетно изработени проекти и убаво воспоставени релации со клиенти, новите проекти ќе почнат сами да доаѓаат по препорака. Тогаш веќе ќе можете сами да бирате што ќе прифатите да работите. 

Можете да почнете веднаш!

Значи за да заработите од SEO, околината ви е спремна. Клучно е да ја сакате оваа дејност (оваа наука), да се решите да започнете и да се посветите. Почнувате од нула, ако почнувате сами. Но, ако сте дел од одредена заедница, како онаа што ја градиме во Brainster, имате можност да добиете референци, препораки, практични совети, насоки, знаење и новости кои ќе ви го олеснат почетокот.

И за крај, среќата ги следи храбрите, затоа само напред до она што го посакувате. 

Не постои неупех, само лекција!

Билјана Димовска

Уписите на Академијата за дигитален маркетинг се во тек. Ако и ти сакаш да научиш SEO, покрај другите дигитални вештини кои ќе ги стекнеш преку оваа програма, резервирај го своето место ТУКА!

Trending Stories That Might Interest You