Дигиталниот свет е местото каде постојано има простор за нови вештини, oсобено за оние кои се дел од маркетинг агенции. Николета е маркетинг менаџер во IN Marketing, и беше дел од курсот за Search Engine Optimization.
Здраво Николета, накратко кажи ни нешто за себе!
Менаџер сум во ИН маркетинг. Маркетинг агенција која работи од Ноември 2017. Работиме комплетен маркетинг на повеќе од 11 клиенти (сега за сега :)). Нашиот тим е креативен и амбициозен, а целта ни е да се шириме полека и сигурно. Бидејќи немам многу време за хоби (мајка на близначиња од 2 години) се трудам времето максимално да го искористам во прилог на работата и квалитетно време со семејството, но секако дека наоѓам време и за пријателите, вежбање и релаксација. 🙂
Беше дел од обуката за Search Engine Optimization. Колку и како го применуваш наученото од курсот на работното место?
Бев дел од SEO обуката. Сега за сега немам можност да го практикувам знаењето толку многу во пракса, но се надевам дека со странски клиенти ќе можам истото да го искористам!
Зошто баш SEO, кои ти беа најфасцинантните работи кои ги откри?
SEO е голем предизвик да се работи, можностите кои ги нуди секако дека се фасцинантни и најважно лесно мерливи. Со задоволство ќе го применувам она што го научив, во блиска иднина.
За крај, зошто е потребно секој кој има допир со маркетинг, да има познавања од оваа област? 🙂
Затоа што маркетингот е иднината, тоа е она што ја продава идејата, производот или услугата. Со добар маркетинг може се да се продаде, а со добар SEO маркетингот може да се однесе на едно сосема ново ниво.