Сѐ ќе биде во ред, само различно

Новонастанатата ситуација, така сѐ уште ја нарекуваме, е факт. Ова е реалноста. Се случува сега и треба да анализираме, да размислуваме, да пробаме да го предвидиме влијанието. Но, целосните последици од влијанието на пандемијата нема да бидат познати во наредните месеци – можеби години.

Е сега, пред да поминеме подолу во текстот имам совет за тебе: don’t overreact, но истовремено не чекај работите драстично да се променат и магично светот да излезе од кризава без последници.

Сѐ ќе биде различно за една година од сега. Се надевам на подобро бидејќи од сѐ што гледаме во последниве недели се истакнуваат човечката креативност, сочувството, грижа за другите и колективната свест.

Некои работи ќе нѐ „мавнат“ силно, економски, културолошки, индивидуално.

Но, се ќе биде во ред. Само различно.

Април 2022: Што требаше да направам пред 2 години?

1. Ако немаш бизнис, сега е вистинско време да започнеш.

Додека бизнисите се прилагодуваат на промените и додека го егзекутираат планот за контрола на штета, ти немаш што да загубиш во моментов. Фокусирај се на градење на бизнисот. Само со овој факт веќе си некоку месеци понапред.
Направи брејнсторминг и размисли како би се промениле навиките на луѓето и какви потреби ќе имаат понатаму во „Stay at home economy“ =).
Eве неколку стартапи лансирани во рецесијата (2008-2009): Uber, Airbnb, Slack, Pinterest, WhatsApp, Square, Venmo…

2. Ако имаш бизнис:

  • Биди близок и на располагање на твоите клиенти, вработени и соработници. И биди транспарентен. Разговарај пофреквентно со нив во овие моменти,
  • биди брз во донесувањето на одлуки во овие времиња. Сигурно ќе згрешиш и не биди груб према самиот себе ако се случи тоа,
  • доколку кризата не делува лошо за бизнисот сега е добро време да направиш раст. Искористи го тоа,
  • Resilience is the Signature of Greatness. Пивотирај, прилагоди се, 
  • верувај во своите вработени.

3. Ако имаш пари на страна, инвестирај

Оној совет кој сигурно го имате прочитано, мислам дека беше на Warren Buffett: „Купувај кога сите продаваат, продавај кога сите купуваат.“
Сега е добро време да инвестираш. Не мора да започнеш со многу.

Читај, анализирај, советувај се со некој кој веќе инвестира и направи план за инвестицијата. Не сум експерт за инвестиции, но пробувам да го разберам економскиот шок што ќе се случи како последица од Коронавирусот за да ги инвестирам дел од заштедите.

4. Започни нова Future Proof Кариера

И да не ти е загрозено работното место сега е добро време за да започнеш да се подготвуваш за нова кариера. Инвестирај во ново знаење, научи да програмираш, учи UX, Data Science. 

Зголемената потреба од дигитални работници овозможува релативо лесно да започнеш со нова кариера како програмер, маркетер, дизајнер, data scientist. 

Многу Tech компании ги отворија вратите за нови вработени. Амазон веќе најави дека отвора нови 100 000 работни места поради зголемената побарувачка за нивните усуги. 

Инвестирај во ново знаење.

Наместо 2020 да биде COVID19 година, ај да ја наречеме „Reset Year“ или „Pivot Year“ и да си поставиме нови цели и приоритети.

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.