Во последно време голем број од луѓето кои поминуваат низ Академиите на Brainster се оние кои не биле задоволни од моменталната кариера и решле да пробаат да направат некаква промена околу тоа прашање. Ристе Зафиров од Велес е токму еден од нив. Сфати дека не ја сака својата механичка и монотона професија и реши да ја смени со нешто покреативно. Нешто поради што ќе сака да оди на работа и да не го мрази секој понеделник. После неколку години сувопарна административна работа во Македонски пошти, реши да заплови во водите на дигиталниот маркетинг. По завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster почна да работи како маркетер во Златна книга.

Ристе каде работеше претходно? Како се реши за целосна промена на работното место и дали тоа беше тешка одлука?

Бев вработен во Македонска Пошта, уплата-исплата, околу 3 години. Последниот период интензивно почнав да размислувам за да ја променам работата и да почнам нешто што ќе ме исполнува, нема да биде механичка и монотона работа. Запишувањето на Академијата во Brainster беше вистинскиот потег за мене. На почетокот малку се колебав дали да се превзема ваков ризик, бидејќи имав сигурна работа. Денес сум среќен и задоволен што се решив да го направам тој чекор и се гледам во иднина во оваа област.

Како се вклопи Академијата на Brainster во твојата приказна? Имаш ли некакво искуство од претходно со дигитален маркетинг?

За Академијата за дигитален маркетинг дознав по препорака од мој пријател кој беше многу задоволен. И можам да кажам дека истата во целост ги исполни и моите очекувања. Едно ново и прекрасно искуство. Имав мало познавање од дигиталниот маркетинг и кога дознав за Академијата на Brainster решив да се запишам и да пробам. Сето тоа се случи во период кога размислував да ја променам мојата кариера.
Ако и ти размислуваш за промена на кариерата или за започнување на нова, уписите на Академијата за дигитален маркетинг се во тек.

Што најмногу ти се допадна и сметаш дека ти помогна толку лесно да ја започнеш новата кариера?

Работата со искусни професионалци кои знаеа како да ни го пренесат нивното знаење, работата преку теорија и пракса, работата на  реални проекти, советите и поддршката за време и после завршувањето на Академијата, се само мал дел од работите кои ни помогнаа да ги оформуваме нашите вештини во областа на дигиталниот маркетинг.

Како си задоволен со твојот почеток од сегашна перспектива и што би им препорачал на оние кои размислуваат да станат дигитални маркетери? 

По само еден месец од завршувањето на Академијата се вработив како маркетер во Златна Книга. Супер се снаоѓам и сум многу задоволен од новото работно место. Секако дека се уште учам и се надградувам со знаење, работам со тим од професионалци и се радувам на почетокот на мојата нова кариера како маркетер.

Голема благодарност до тимот на Brainster кој ми помогна да стекнам професионална самодоверба, да верувам во себе и во своето знаење. На идните маркетери би им препорачал да не престанат за учат и растат и да уживаат во креативноста на оваа професија.

Останаа уште неколку слободни места, резервирај го своето тука!