Rhei Clock: Времето тече во буквална смисла – Производ на денот #15

„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива, споделете со пријателите.
Никогаш порано не било овозможено течна материја да се претстави во својата чиста, нерафинирана форма и да се контролира на начин што овозможува таа да се прикаже опипливи облици и форми. Постои средина помеѓу аналогната и дигиталната сфера, каде што правилата на механиката и законите на природата се здружуваат со цел да се создаде течна илузија која потсетува на современата, дигитална форма.
Rhei е прототип на електро-механички часовник каде времето тече во буквална смисла и е резултат на едногодишна посветена проектна работа.


Популарни курсеви:

„Фото Старт: Почетен курс по професионална фотографија”

„Како да креирате CV кое ќе ве вработи“

„Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“


Времето како концепт е крајно субјективно, но постојат две работи кои можеме да ги потврдиме со сигурност: времето е немилосрдна минливост и е постојано движење. Токму овој ритмички тек Rhei го фаќа и сака да претстави како секој момент се разликува од другите, движењето на неговите цифри секој пат е различно анимиран и никогаш не го повторува веќе прикажаниот облик .
Slika 1
Она што се очекува да биде како примарна функција има тенденција да остане во сенка на нејзината многу повеќе непроценлива улога: Rhei е динамична монтажа, анимирана скулптура, идеја изразена во форма на минималистички, дигитален часовник.
Со Rhei времето тече. Буквално.
Slika 2
Оваа прекрасна иновација има за цел да не потсети колку секој момент е важен и дека нема да се повтори два пати. Прототипот е во изработка и тимот работи напорно за да почне што побрзо со производство. За да дознаете кога ќе го има на пазарот и како да го порачате, треба да се регистрирате на нивниот веб сајт.
Ние со нетрпение го очекуваме овој часовник од иднината, а вие?

Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука

Среќно,
Brainster заедницата

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.