Дали работната атмосфера е спремна за дигитална трансформација?

Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Дигитална ТрансформацијаРегистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

 Во текот на претходните лекции, на неколку наврати спомнавме дека процесот не е лесен, и потребно е сите активности и вработени да бидат инволвирани во оваа приказна. Сепак ова е чекор кој на долгорочен план ќе и донесе раст и успех на компанијата, нели? Провери дали овие чекори ги имаш на ум, пред да започнеш.

Провери дали работната атмосфера во твојата компанија е спремна за ваков чекор. Ако е – честитки! Ако не е, еве на што треба да поработиш за да направиш успешна дигитална трансформација:

1. Знај зошто правиш дигитална трансформација

Дигитална трансформација е деловна стратегија насочена кон зголемување на ефективноста на вработените преку работната средина. Дигитално работно место треба да им помогне на поединците и тимовите да работат попродуктивно без да ги загрозат операциите. Но, твојот план за дигитална трансформација на работното место треба да се усогласи со целите на бизнисот. Мора да знаеш да објасниш зошто сакаш да го промениш работното опкружување и како оваа промена ќе влијае на работните процеси.

2. Обезбеди ја потребната опрема

Mодернизацијата на ИТ системите и преструктуирањето на деловните процеси се многу важни чекори. Работното место треба да вклучува компјутери, мобилни уреди и апликации за продуктивност и соработка кои се веб-базирани и синхронизирани во реално време. Постојат еден куп гаџети кои служат за оваа цел.

Дознај кои ти се неопходни за твоето работно место и твоите цели.

rabotno mesto

3. Осигурај се дека вработените се отворени за промени

Вработените во компанијата се тие кои ја прават средината. Важно е да бидат позитивни, прилагодливи и отворени. Тоа се особини, а не вештини, не се учат за разлика од техничките вештини, а се клучни за позитивни промени во твојата компанија.

Луѓето од IT сферата лесно се прилагодуваат. Но, човечкиот елемент е многу дискутабилна тема и не секој веднаш ги прифаќа овие промени. Мора да сфатиш дека ваква голема промена ги вади вработените надвор од нивната удобна зона.

Знаеш дека поддршката го мотивира вработениот – поддржи ги да го направат овој чекор. Изгради доверба, комуникацијата нека биде отворена и дај им ownership на некој помал проект, за поубаво да разберат што треба да сменат во досегашната работа.

4. Направи јасна комуникациска рамка

Колку и да е мала, треба време да се прифати некоја промена. Во дигитална трансформација не зборуваме за мала промена. За вработените да бидат ок со новиот начин на работа мора да знаат што точно се очекува од нив. Комуникацијата мора да биде отворена и прецизна.

Целите на секој проект за дигитализација на персоналот мора да бидат објаснети. Вработените мора да имаат пристап до информациите за проекти и сите промени во нивната секојдневна работа мора јасно да се образложат.

5. Обезбеди потребна обука

Мора да им понудиш на вработените соодветна обука за да се задржи чекор со промените кои дигитализацијата ги носи во вашата организација. Загрижувачки, голем дел од компаниите кај нас, а и на глобално ниво не ја сфаќаат оваа потреба. Не биди дел од нив! Постојат мал милион курсеви, тренинзи, семинари, бесплатни лекции и еден куп други начини за едукација. Ако знаеш кои точно вештини се потребни и што се треба да научат вработените – понуди им соодветна обука за работното место. Дигиталната трансформација е навлезена во сите сфери, но е релативно нов тренд. Не можеш да очекуваш дека сите вработени се веќе обучени за такво работење.

 

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.