Отворени работни позиции во Brainster

Еден дел од Tech професионалците можат да бидат привлечени со пинг-понг маси, PlayStation, фрижидер полн со пиво, и други дистракции во канцеларијата, спакувани во форма на бенефити. 

Вториот тип на професионалци се оние кои се гладни за знаење и за нови, предизвикувачки проекти. Овие луѓе не сакаат само да работат на забавни апликации. Тие сакаат да работат на решавање на општествени проблеми за кои понекогаш требаат 10-15 години за да се решат. 

Ако мислиш дека си дел од втората група, продолжи да читаш понатаму.

Здраво. Јас сум Петар. 

Штом стигна до тука, претпоставувам дека сме слични. Работиш напорно, правиш баланс меѓу приватниот живот и работата со тоа што инсистираш на тоа работата да ти причинува задоволство и предизвик, меѓу првите ги испробуваш новите технологии и алатки, сериозно гледаш на твојот напредок како професионалец и како личност. Те мотивира работна позиција која има висока цел, и во исто време прави голем придонес за компанијата и опшстеството.

За таа цел, во потрага сме по нови членови во нашиот тим кои сакаат да направат импакт. 

 

Во 2020 направивме експанзија во Австрија, Словенија и Хрватска, но во 2021ва сакаме уште повеќе да ја прошириме заедницата. За таа цел, потребни ни се нови и квалитетни кадри кои ќе продолжат да создаваат вредност за образованието.

Отворени работни позиции

Се гледаме на интервју!

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.