Работи што не треба да ги направиш на следното интервју за работа

Овој текст е дел од серијата лекции „Како до успешна кариера 101“.

 

Шансите за незгодна ситуација се правопропорционални со нивото на стрес. Токму затоа интервјуто за работа веќе со децении е совршеното место за лоши моменти.

Најверојатно единствената добра работа кај ситуациите од ваков тип, освен забавната приказна која доаѓа откако сериозно ќе се помириш со тоа што се случило, е лекцијата која можеш да ја извлечеш.
И можеби, ако си екстра фин, како неколку пред тебе, ќе ги споделиш со светот. Разгледај ја листата на работи која не ти препорачуваме да ги направиш на твоето следно интервју за работа.

 

Понеси го твоето точно резиме. Да, иако го испрати веќе по мејл.

Иако резимето е причината поради која се наоѓаш на ова интервју, тоа не значи дека менаџерот се сеќава детално на сите резимеа кои ги прочитал изминатата недела. Потсети го и понеси копија од твоето CV кое може да ја ѕирка за време на состанокот.

Но да понесеш резиме не е доволно. Треба да го понесеш точното резиме. Сите имаме 15 верзии од CV-то кое сме го ажурирале низ годините, да го испратиш / испринташ погрешното е полесно од што мислиш. Внимавај, затоа што менаџерот може да помисли дека си некој кој не бил искрен за своето работно искуство, ако прочита CV старо 2 години.

 

Прати имејл / смс дека ќе доцниш

blog 7 slika 2

Не смееш да си дозволиш да доцниш. Но сепак, да речеме дека доаѓаш од НАСА мисија и ќе доцниш 5 минути – пиши му го тоа по мејл на менаџерот. Нема никаков изговор и оправдание ако не го известиш за можното доцнење. После само 15 минути менаџерот помислува дека нема да се појавиш и дека најверојатно не си доволно професионален за позицијата.

 

Внимавај на правописот

blog 7 slika 3

Можеби мислиш дека совршениот правопис е неопходен за новинарите, не за инженерите, време е да се предомислиш. Составувањето на квалитетни имејл пораки е вештина која е неопходна за скоро секоја позиција, а која лесно се совладува.
Внимавај на правописот и интерпункциските правила, тие важат и се неопходни кај секој кој има завршено дури и 8мо одделение.

 

Не користи пцовки, дури и кога менаџерот го прави тоа

Многу често менаџерите се обидуваат да го намалат нивото на стрес во состаноците од овој тип со тоа што ќе се постават пријателски и „лабаво“. Додека они имаат оправдување за опуштеното однесување (иако никој, никогаш нема оправдување за користење пцовки), ти потруди се да го задржиш нивото на професионалност и коректност.

И додека е сосема ок да се насмевнеш или да преминеш од „вие“ на „ти“ (кога менаџерот ќе го побара тоа од тебе), никогаш, никогаш не користи улични зборови на интервју.

 

Изгради успешна кариера, регистрирај се на kariera.brainster.co и добивај ги најдобрите огласи за работа, во твоето email сандаче!

Brainster Кариера и Вработување на Linkedin

Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, вработување, најди работа, kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, работа, како да направиш CV, интервју.

Related Stories For You