Работи кои треба да ги направиш за твојата кариера пред да наполниш 30 години

Овој текст е дел од серијата лекции „Како до успешна кариера 101“.

 

Сè почесто се среќаваме со изразот „quarter life crisis“ и совети за како да ја надминеме. Колку и да негираме, 20-ите години од животот носат со себе повеќе тежина од што се чини.

 

Во 20-ите години се оние кога од нас се очекува да ризикуваме, да експериментираме и да го бараме своето место во светот, затоа што, наводно, ова е периодот кога е дозволено да правиш грешки под изговорот дека си млад и сè уште учиш како функционира животот.

А од друга страна пак, тоа се истите години кога треба да започнеш со стабилизирање, без разлика дали на приватно или бизнис поле. Треба да размислуваш на кариера, фамилија и комплетна самосталност. Оттука и кризата – како е возможно да бидеш истовремено млад и безгрижен, а стабилен и крајно сериозен?

Најверојатно кога ќе ги завршиш студиите, сè уште немаш јасна слика за тоа што сакаш да работиш, а уште помалку за правецот на твојата кариера. Но добрата работа е што иако не можеш да ја замислиш својата иднина, можеш да инвестираш во себе и својата идна кариера (која и да е), следејќи ги овие совети.

 

Посети најмногу настани што можеш

DSC_0866 (1)

Спротивно на твоето верување, социјалните мрежи можеби се најлесниот и понестрашниот начин за да стапиш со некого во контакт, но не и најдобриот. Време е да се оттргнеш од компјутерот и да се обидеш во живо да ги запознаеш луѓето кои ќе и помогнат на твојата кариера. На овие настани не одат само оние кои сакаат да се вработат, но и оние кои се во потрага по квалитетен и вреден работник. Запознај се со што повеќе луѓе.

 

Постави си цели за вмрежување

Но секако, пред да отидеш на еден настан, треба да имаш бистра слика во глава за тоа зошто си таму. Дали сакаш да запознаеш што повеќе луѓе или можеби една конкретна личност?

 

Нарачај бизнис картички

Можеби звучи како нешто што твојот татко го правел кога имал 27 години, но верувај, бизнис картичките се многу подобар начин за со некого да започнеш комуникација од диктирање на твојот e-mail додека тие го запишуваат во телефонот.

 

Запомни ги сите кои ги среќаваш

Processed with VSCOcam with f2 preset

Постои ризик дека некои денови ќе запознаеш повеќе и од 10 луѓе. Невозможно е да ги запомниш сите. Затоа, не се потпирај само на меморијата и води евиденција на оние кои ги запознаваш, нивното име, компанија, позиција во компанијата и како мислиш дека би и биле од помош за твојата кариера.

 

Смисли го совршениот одговор на прашањето „Што работиш?”

Има повеќе начини на некој да му објасниш што работиш, во што си добар или што би сакал да работиш. Избери го начинот кој можеби е подолг, но кој ќе иницира дискусија, наместо краткиот информативен одговор и називот на твојата позиција во компанијата.

 

Контактирај ги оние на кои им вети дека ќе ги контактираш

Кога запознаваш луѓе, објасни им го начинот на кој планираш да ја продолжите вашата комуникација. Можеби тоа ќе биде вмрежување на LinkedIn, преку тоа што ќе им испратиш e-mail или можеби ќе ги побараш за да договорите средба.

 

Избриши ги несоодвените фотографии од социјалните мрежи

Веќе сме свесни дека работодавците ги проверуваат нашите профили на социјалните мрежи додека ја разгледуваат опцијата за вработување. Внимавај на тоа твоите профили да ја отсликуваат твојата професионалност и сериозност, без разлика дали е тоа Facebook, Twitter или Instagram. Тоа не мора да значи да ги избришеш сите фотографии од летните коктел-забави на плажа, но во најмала рака провери ги подесувањата за приватност.

 

Работи на начинот на кој се ракуваш

interviewtips

Без разлика дали си маж или жена, начинот на кој се ракуваш треба секогаш да ја испраќа пораката дека ти си човек кој знае што прави и што сака. Ракувај се цврсто, гледајќи го соговорникот во очи.

 

Научи HTML и WordPress

Да, твојата генерација го владее интернетот, но твитањето, објавувањето на статуси и видеа и испраќањето на пораки не е доволно. Дури и ако не сонуваш за „tech” работа, од неверојатна корист ќе ти биде доколку ги научиш основите на HTML и како да користиш WordPress.

 

 

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, вработување, најди работа, kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, работа, вмрежување, фотографии.

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА