Работи кои секој нов претприемач треба да ги знае

Овој текст е дел од серијата лекции „Како до успешна кариера 101“.

 

Без разлика дали планираш промена на кариера или само што започна свој бизнис, стартап светот може да биде комплициран колку што е возбудлив.

За која и од погоре-наведените работи да се одлучи, сигурно си веќе свесен дека вклучуваат голема количина на неопходен ризик. Но никој не вели дека ризикот не може да се сведе на минимум и да се контролира, а за тоа да го постигнеш постојат повеќе начини.

Еден од нашите омилени начини вклучува инспирација, едукација и мотивација, а тоа е учењето од оние кои веќе се докажале себеси во светот на бизнисот. Пример, добро ни текнува на оној пат кога Elon Musk, човекот позади Tesla, Solar City и Space X, изјави дека еден од најдобрите совети кои би можел да му ги даде на секој претприемач е да знае како да прифати критика. Тој тврди дека од неверојатна важност е да бараш фидбек од што повеќе луѓе за идеите кои ги имаш, да ги прашаш што не им се допаѓа кај твојата идеја. Се разбира, никој не ужива во негативна критика, но тоа е еден од начините најбрзо да ги научиш своите слабости за да можеш да ги надминеш. Само така ќе изградиш цврста кариера или бизнис.

Една од работите на која Steve Jobs секогаш инсистирал и ја споделувал во форма на совет со светот е дека секогаш кога вработувал некого (особено на висока позиција), покрај тоа што забележувал дали е доволно интелигентен, секогаш најмногу внимание посветувал да забележи дали човекот кој го вработува ќе го сака Apple. Затоа што според него, доколку навистина си заљубен во тоа во кое го работиш – сè друго ќе дојде само од себе.

Постојат неколку работи за кои се сложуваат сите успешни луѓе од бизнис светот, а ние ги собравме на едно место за да ги споделиме со вас.

 

Побарај совет

blog 8 slika 2

Дали секогаш си најпаметниот во собата? Доколку да, тогаш се наоѓаш во грешна соба. Една од работите која ја делат сите неверојатно успешни луѓе е важноста на менторството. Од Bill Gates и Mark Zuckerberg, до Victoria Beckham и Michael Jordan, следењето на добар ментор е една од причините за нивниот неверојатен успех.

Доколку сè уште не успеа да го препознаеш својот ментор, секогаш е тука Google. Прочитај ги советите на финансиските институции и професионалците, но никогаш не заборавај да бараш совети.

 

Не се задоволувај со малку

Pete Cashmore од Mashable за својот успех денес ги обвинува грешките од минатото. Кога TechCrunch се продаде себеси на AOL, Cashmore се одлучи да не го продаде Mashable, и кој е поголем денес? Успесите кај претприемништвото не доаѓаат лесно, некогаш треба да поминат години и години додека дојдеш до тоа што го посакуваш, но погледни го Zuckerberg, тој не се предаде и никогаш не се надевал на успех-преку-ноќ.

 

Подобри ја комуникацијата со клиентите и вработените

Startup Stock Photos

Garrett Camp од Uber за најголема причина за успех на компанијата ја наведува интензивната комуникација со клиентите. Без разлика на типот на твојот стартап, константните ажурирања и споделувања на информации, како и директната комуникација со твоите клиенти (која никогаш не била полесна од денес) е од круцијална важност.

Од друга страна, лошата информираност на вработените за новости и тековни планови, може неверојатно многу да ја ограничи нивната продуктивност и успехот на целата компанија. Погрижи се секогаш да бидат во тек со сè што се случува.

 

Работи паметно, не напорно

Концептот дека треба да поминеш многу часови работејќи за да направиш нешто добро е веќе застарен. Исто како што причината за успех е напорното работење, често иста е и причината за неуспех.

Со опциите кои ни ги нуди технологијата денес, многу е поважно да бидеш информиран и во тек со сите алатки кои ќе ти помогнат да работиш паметно, а притоа заштедувајќи време и енергија.

 

Искористи ја максимално твојата мрежа на познанства

DSC_0745

Успешен нетворкинг отсекогаш ги зголемувал шансите за успех на една компанија, но тоа не значи само воспоставување на LinkedIn и Facebook конекции. Целта на добриот нетворкинг не е разменувањето на бизнис картички – туку градењето на стабилни и сериозни конекции кои ќе ти помогнат во трката со конкуренцијата.

Изгради успешна кариера, регистрирај се на kariera.brainster.co и добивај ги најдобрите огласи за работа, во твоето email сандаче!

Brainster Кариера и Вработување на Linkedin

Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, вработување, најди работа, kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, работа, вмрежување, нова кариера, претприемач, совет.

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.