Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Kариера. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

Патувањето те прави побогат, а работата го краси човекот, нели? Зошто да не ги искомбинираш работата и патувањето и станеш дигитален номад?

Во дигиталната ера, сѐ поактуелно станува да се работи remotely – без фиксна канцеларија, без фиксно работно време и со голема слобода во начинот на работење.

Со помош на новите технологии можеш да заработуваш многу и да живееш како номад. Сѐ додека одлично си ја вршиш работата, можеш да живееш каде сакаш, да шеташ, да посетуваш нови средини и запознаваш различни култури.

Замисли да се вратиш во минатото и да им го раскажеш ова на луѓето за кои сѐ уште интернетот и новите алатки за комуникација не биле вака развиени?

Еве што треба да знаеш за дигиталното номадство:

1. Од што сѐ може да се заработи?

Како дигитален номад можеш да заработуваш од која било професија која е независна од локацијата (блогирање, дизајн, онлајн coaching, интернет маркетинг, финансиско планирање, инвестирање, преведување, организирање на обуки па дури и програмирање).

Веќе многу компании во светот ,  посебно во tech индустријата ,  даваат слобода на нивните вработени да работат во средина што сами ја бираат, со цел да бидат попродуктивни. Weworkremotely anyone?

2. Кои се предностите на работење remotely?

Флексибилност Со ваков стил на работа, имаш можност сам да си го креираш работниот ден. Што, кога, како, колку и каде работиш – сѐ зависи од тебе!

Инспирација Со работење од различни локации, можеш да најдеш нова инспирација. Работењето од друг простор, град, или држава ќе ти донесе свежи, креативни идеи.

Продуктивност Можеш да се изолираш од дистракциите кои постојат во канцеларија  -  постојаните состаноци, ѕвонење на телефони, муабетење. Тоа е огромна предност. Едно Stanford истражување покажа дека вработените кои работат remotely имаат 13% подобар перформанс од вработените кои седат во канцеларија. Плус, со работење remotely не губиш време за стигнување до работа и можеш да направиш подобар work/life баланс.

rabota od doma

3. Звучи атрактивно нели? Сепак мора да знаеш дека работењето како дигитален номад носи и многу предизвици:

Одржување на рутина – Една од најважните работи за да се извршат обврските е да се има рутина. Ако постојано патуваш, одржувањето на рутина за работа е голем предизвик.

Осаменост – Работењето сам, на различни локации може да предизвика да се чувствуваш осамено. Треба храброст да се нафатиш на ваков зафат. Мора да ја прифатиш осаменоста и да знаеш како квалитетно да го поминеш времето сам. Често дигиталните номади работат од coworking простори, за да се поврзат и социјализираат со локалната заедница.

Баланс: работа/слободно време. Одиш во нов град, кој дотогаш не си го посетил. Сакаш да шеташ, да ја истражиш околината, културата, начинот на живот. Но, ако сакаш да бидеш успешен дигитален номад, не заборавај дека приоритет мора да ти биде работата да биде завршена.

4. Ако сѐ уште работењето remotely ти звучи како правиот избор, прочитај кои компании го прифатија овој начин на работа.

  1. Тимот на GitHub работи на алатки кои ја олеснуваат соработката и развивањето софтвери. Тоа го прави на начин што членовите од тимот работат од различни места. Иако имаат канцеларија во Сан Франциско, веруваат дека луѓето би требало да работат на места кои ги прават најсреќни.
  2. Basecamp е позната компанија која нуди веб продукти за project management. Иако компанијата има канцеларија во Чикаго, многу од нивните вработени работат надвор од канцелариите. Basecamp е заедница на дизајнери, програмери, инженери, аналитичари, кампери, музичари, фотографи и сл.
  3. Treehouse го има редизајнирано начинот на учење за технологија. Им помага на нивните студенти на стартот на нивната tech кариера, со цел да ги подобрат Тech и IT вештините. Компанијата има канцеларии во Орландо и Портланд, но некои работни позиции овозможуваат работа надвор од канцеларија.

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

rabota od doma

 

Related Stories For You