Кристијан Милошевски е уште една успешна приказна – од дипломиран криминалист кој работи во банка, а денес е QA Engineer во компанијата Intertec.
Благодарение на неговата посветеност, редовност и желбата за учење, започнува со пракса уште додека учи на Академијата за софтвер тестинг. Покрај стекнатите технички способности, комуникацијата, односно меките вештини се меѓу првите најважни вештини кои му помагаат да постигне успех во областа на софтвер тестингот, а и во IT сферата генерално.
Во продолжение порчитај за искуството на Кристијан на Академијата за софтвер тестинг, како и за она што е потребно да се успее во самата индустрија и да се изгради успешна кариера.
Како изгледа еден работен ден како QA Engineer?
Еден работен ден како QA Engineer изгледа многу динамично. Работниот ден ми започнува најпрво со проверка на емаил, продолжува понатаму со тимски состанок кој го имаме секој ден познат како stand-up состанок.
Бидејќи во моментов работам како единствен QA во тимот, сам си правам план што и како ќе извршувам во текот на денот од задачи. Најпрво ги завршувам тасковите со повисок приоритет потоа и останатите. Дел од денот ми поминува во пишување на тест сценарија и извршување на истите. Во зависност од останатите обврски кон проектот, скоро секогаш наоѓам време за учење, пробување на нови алатки и следење на најновите QA практики и трендови.
Што сметаш дека е пресудно за да си добар во софтвер тестинг? Кои вештини
мислиш дека е клучно да ги знаеш?
За да си добар и конкурентен како софтвер тестер треба да имаш основни познавања на
Агилните методологии на работа (Скрам или Канбан), HTML,CSS, API тестинг техники и алатки, основни познавање на бази, програмски јазици JavaScript, Java и C# во комбинација со алатки за автоматско тестирање како Selenium, Cypress итн.
Освен технички вештини дали има и некои меки вештини кои треба да ги поседуваш?
Комуникацијата би ја ставил дефинитивно на прво место од т.н. меки вештини. Од останатите секако би ги издвоил критично размислување, размислување како краен корисник. Неопходно е еден QA engineer да знае како да ја најде причината за настанатиот проблем и да даде предлог како да се реши проблемот.
За некој што е почетник и нов во оваа професија би кажал дека и attention to details е една од основните вештини што мора да ги поседува, но секогаш треба и да се има во предвид големата
слика. И како за крај би го спомнал и time management како вештина што се очекува од еден QA Engineer.
Каква компанија е Intertec? Што ти е пресудно кога се работи за одлука да влезеш и останеш во една компанија?
Она поради кое што влегов и останав во Интертек е тоа што како компанија секогаш работиме на проекти кој ги следат најновите технологии и трендови на пазарот во ИТ индустријата. Би ја издвоил и културата внатре во самата компанија, како и опцијата секој вработен да го надоградува своето техничко знаење и како и т.нар меки вештини.
Големиот број експерти од сите технологии кој воедно ни се и ментори ни го пренесуваат нивното знаење, ни помагаат во секојдневните задачи како и во кариерниот развој. Секогаш како компанија се отворени за предлози и промени што би ја направиле нашата работна средина подобра.
Зошто се запиша на Brainster? Што е потребно за успешно да завршиш една ваква Академија? Дали ти се откажа од нешто за да стигнеш тука каде што си денес?
Во моментот кога ја запишував академијата, а и денес, Brainster нудеше најдобра сеопфатна програма која вклучуваше учење преку реални проекти каде инструктори ни беа експерти со повеќе годишно искуство од индустријата.
За да се заврши успешно Академијата, потребна е посветеност, редовност на часовите, љубопитност за учење на нови работи и многу време поминато во учење надвор од акитвностите во Академијата.
За да стигнам до ова каде што сум денес се откажав од работното место во Банка во време на Короната, се посветив целосно кон учење на се што е потребно за QA и почнав како практикант. Не беше едноставна одлуката бидејќи како што кажав беше криза, QA тогаш како професија не беше толку популарна како што е сега меѓутоа на крајот излезе дека одлуката била правилна.
Што од Академијата ти беше најкорисно?
Бидејќи бев примен на пракса веднаш по завршување на модулот за Manual Testing кој беше меѓу првите модули, би рекол дека тој дел ми беше најкористен затоа што скоро на сите интервјуа на кој бев во тој период често добивав прашања од тој дел. Исто би го спомнал делот со Agile и методологиите на работа.
Искуство од Академијата и Brainster, кое некој од надвор не може да го знае?
Многу позитивно е што во склоп на самата Академија има припрема на студентите за интервјуа и како би изгледал процесот на вработување. Тука би ја додал и соработката на Brainster со многу домашни и странски компании како дополнителен бенефит и поголеми шанси за вработување на студентите. Би ја издвоил тука грижата и поддршката за студентите при учењето.
Заради понудата Brainster+ mестата во групите на Brainster+ Академијата за софтвер тестинг забрзано се пополнуваат. Затоа, провери дали има слободни места и аплицирај веднаш!