Запознајте го Кирил Михајловски – Dream Team студент на Академијата за Software Testing за месец август 2022.

 

Име и презиме: Кирил Михајловски

По професија: Клавирист

Академија: Академија за Software Testing

Зошто баш Software Testing: Отсекогаш сум сакал да барам начини да се подобрат нештата, а со кариера во QA можам да го правам токму тоа.

Што те мотивира постојано да учиш: Секој проект во Quality Assurance е различен и уникатен, и адаптирањето на секоја ситуација е тоа што ме тера да продолжам понатаму.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Иако материјалот е доста голем и досега имаме научено многу технички познавања, особено ги сакам личните примери на инструкторите и асистентите, и како тие се справувале со проблеми во оваа професија.

Омилен модул и зошто: Би рекол дека техниките за тестирање ми беа омилен дел од предавањата досега, бидејќи на некој начин се мешавина од hard skills и soft skills.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Тука ќе ја споменам Кате поради нејзината трпеливост. Со нас е од самиот почеток, а интензитетот на нејзиниот начин на предавање не е опаднат. Благодарност и до останатите ментори и асистенти коишто се тука за нас и надвор од нивното работно време.

За 5 години сакам да бидам: Подобар од денес.

Хоби: Video games, video games, video games.

Омилена книга: The Lord of the Rings – J. R. R. Tolkien

Омилен цитат: “The pursuit of perfection is not the addition of qualities, but the absence of flaws.”

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

Аплицирањето за ваучер заврши!