Емилија Момировска – Dream Team студент на Академијата за Software Testing

Запознајте ја Емилија Момировска – Dream Team студент на Академијата за Software Testing за месец март 2022.

 

Име и презиме: Емилија Момировска

По професија: Економист

Академија: Академија за Software Testing

Зошто баш Software Testing: Сметам дека нуди многу можности за напредување и учење нови работи секој ден. Сведоци сме на постојаниот пораст на ИТ индустријата, а со тоа и пораст на побарувачката на стручен кадар, што ми го привлече вниманието и почнав да истражувам и наидов на Академијата за Software Testing. Убаво изанализирав што се бара од еден софтвер тестер и кои особини треба да ги поседува, па едноставно се пронајдов себеси.

Моето повеќегодишно работно искуство во банка ми даде можност за развој на моите комуникациски вештини, ефикасно решавање на проблеми и работа во тим. Со оглед на тоа што немав техничка подлога решив да се запишам на Академијата за Software Testing во Brainster како би можела да го проширам своето знаење.

Што те мотивира постојано да учиш: Промени постојано се случуваат и ние мора да се прилагодуваме. Со постојаното учење си даваме можност за личен раст и напредување во кариерата.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: IT светот секојдневно и брзо се менува, со цел да бидеме во тек со новите иновации мора постојано да учиме и да ги надополнуваме своите вештини и знаења… накратко “Гуглање” 🙂 

Омилен модул и зошто: Објектно-ориентирано програмирање и Автоматско тестирање бидејки се поразлични од сите други модули, секако потешки, но се соочуваш со најмногу предизвици.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите се трудеа да ни го пренесат своето знаење на најдобар начин. Би можела да ја издвојам Катерина со нејзиниот пријателски пристап поттикнувајки интеракција на часовите, организираноста, комуникацијата, помагањето и експедитивноста. Исто така и Жаклина со постојана поддршка и со споделување на нејзиното искуство од секојдневната работа.

За 5 години сакам да бидам: Сакам да бидам успешна и задоволна со она што го работам. Се надевам дека овој период на преквалификација ќе го памтам како добар пресврт во мојот живот.

Хоби: Јога, планинарење, возење велосипед.

Омилена книга: Кој го украде моето сирење?

Омилен цитат: ,,Човекот учи додека е жив.”

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

Related Stories For You