Запознајте го Стефан Јанески – Dream Team студент на Академијата за Software Testing за месец октомври 2021.

 

Име и презиме: Стефан Јанески

По професија: Шумарски инженер

Академија: Академија за Software Testing

Зошто баш Software Testing: Moжноста да учествувам во создавање на квалитетен и функционален продукт во кој ќе уживаат клиентите, бидејќи и јас самиот сум клиент на различни продукти.

Што те мотивира постојано да учиш: Сакам да инвестирам во личниот развој, со самото тоа излез од комфорната зона и создавање на нови можности за сите нас.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Можноста да учествувам на реални проекти, Hackathon и да дадам моја оценка за одреден продукт кој е изработен од студентите на другите академии, а со самото тоа го тестирав и моето стекнато знаење на самата академија.

Омилен модул: Секој од модулите си имаше своја тежина, но доколку треба да избирам, би го избрал Автоматско тестирање, бидејќи по пишување на добар код самата машина ги прави работите кои ние сме ги задале во кодот, и како почетник во IT индустријата тоа за мене беше фасцинантно.

Инструктор што ти остави најголем впечаток: Димитри – нашиот гуру затоа што има одлично познавање на материјата, спремен за акција, отворен за прашања, но не само како инструктор туку и како личност. Секогаш позитивен, ведар…

За 5 години сакам да бидам: За 5 години се гледам како Senior quality engineer и дел од успешениот тим на компанијата за која би работел.

Хоби: Скијање

Омилена книга: Калуѓерот што го продаде своето ферари од Робин Шарма

Омилен цитат: „Добрите луѓе постојано работат на себеси.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!