Запознајте го Иван Маринов – Dream Team студент на Академијата за Software Testing за месец ноември 2021.

 

Име и презиме: Иван Маринов

По професија: Менаџер за туризам

Академија: Академија за Software Testing

Зошто баш Software Testing: Отсекогаш сум бил перфекционист и сум приметувал багови во дизајн или самите апликации кои ги користам. Случајно ми се најде прилика да помогнам на пријателка со нејзин проект, да правам exploratory testing и се најдов залепен за компјутер, со желба повеќе да научам за полето.

Што те мотивира постојано да учиш: Со тоа што си го најдов полето во коешто сакам да се развивам, се јави и огромна желба за учење нови работи и перфекционирање на вештините што ги стекнав. Монотонијата многу ми смета и ме тера да сакам да истражувам.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Целиот процес на тестирање на софтвер ми е многу интересен и секако учеството на реални проекти, хакатони ми беше тоа во што најмногу уживав.

Омилен модул: Автоматско тестирање – комплексноста и можностите на самиот метод. Моментот од кога почнуваш да го смислуваш самиот код, па потоа го гледаш резултатот, како се отвора апликацијата и секој процес што го прави е тоа што ти си го напишал, е многу фасцинантно.

Инструктор што ти остави најголем впечаток: Димитри Желков – човек кој баш има најдено работа која се гледа дека ја сака. Својот ентузијазам го пренесува на часот и на сите нас и времето со него буквално ни леташе.

За 5 години сакам да бидам: Искрено би сакал да се гледам во веќе поодмината фаза на Senior Quality Engineer. Секако како што растат можностите расте и амбицијата, па кој знае, можеби и нешто повеќе.

Хоби: Gaming

Омилена книга: Грофот на Монте Кристо

Омилен цитат:May the force be with you“.

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!