Запознајте го Игор Димоски – Dream Team студент на Академијата за Software Testing за месец јуни 2022.

 

Име и презиме: Игор Димоски

По професија: Правник

Академија: Академија за Software Testing

Зошто баш Software Testing: Секогаш внимавам на деталите во работата и во секојдневниот живот. Сакам кога работите функционираат онака како што треба, како и да ги пронаоѓам грешките и недостатоците кои го оневозможуваат тоа. Исто така, Software Testing е област со голем потенцијал за напредок.

Што те мотивира постојано да учиш: Потрагата по нови информации и знаења, секогаш има нешто ново да се научи.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Се беше интересно затоа што беше ново за мене, но би го издвоил API Testing со користење на Postman.

Омилен модул и зошто: Selenium Web Driver, затоа што беше вистински предизвик да се научи автоматско тестирање. Комплексен модул, но од друга страна – интересен и беше вистинско уживање да се пишува код и да се автоматизира целиот процес на тестирање.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите се супер, но ако треба да издвојам тоа се Катерина и Андреј. Начинот на кој го пренесуваа знаењето и интеракцијата со студентите им беа навистина на едно современо академско ниво.

За 5 години сакам да бидам: Успешен QA Engineer.

Хоби: Читање книги, планинарење, сликање во акварел.

Омилена книга: Алхемичарот – Пауло Коелјо

Омилен цитат: “Believe you can and you’re halfway there.” 

 

Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!