ПУЛС контролирајте го фотоапаратот од далечина – производ на денот #22

„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори чија цел е да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете ја со пријателите.
Ако сте љубител на фотографиите, тогаш ќе бидете љубител и на ПУЛС – производ со кој ќе го контролирате вашиот фотоапарат преку вашиот смартфон.
Пулс се приклучува на вашиот фотоапарат, па така кога сликте или снимате, ја добивате комплетната креативна слобода, бидејки користејки блутут технологија, ПУЛС ви овозможува далечинско управување на фотоапаратот во радиус од 30 метри.
Популарни курсеви:
- “ПАТОТ НА КУПУВАЧОТ (затворање на продажба во 5 чекори)” – Петар Лазаров
- „Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“ – Нина Николиќ
- “Претвори ја својата креативност во стварност” – Нина Нинеска
- “Уметноста на личните финансии” – Михајло Николовски
Со користење на ПУЛС:
– Повеќе нема потреба некој да стои позади фотоапарот кога се сликате, освен што ќе ви овозможи далечинско управување на сликањето, истотака добивате и фото привју за да утврдите дали сликата ви се допаѓа.
– Ќе ги уловите денот и ноќта преку правење на квалитетни тајмлапс видеа, со тоа што овој производ ќе ве предупреди кога нешто ќе тргне наопаку при снимањето на видеото, односно кога батеријата ќе биде при крај или бафер тајм што може да ви ја уништи снимката.
– Може да контролирате до 3 камери од еден пат и многу други поволности кои што ги нуди овој производ.
Овој производ можете да го најдете на кикстартер и во зависност од паричните средства кој што сакате да ги вложите за да го подржите овој стартап, добивате соодветна награда.
Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука.
Со среќа,
Вашата Brainster заедницa