Првите работи што треба да ги направиш откако ќе се вработиш

Овој текст е дел од серијата лекции „Како до успешна кариера 101“.

 

Само неколку дена откако ќе успееш да ја добиеш работата што толку многу ја посакуваше, ќе се најдеш себеси потонат во мал милион контрадикторни прашања. Како е возможно, нешто толку возбудливо, да биде истовремено неверојатно збунувачко и стресно?

Сосема е нормално, а дури и предизвикувачки на моменти. Во старт, ново работно место значи промена на средината во која го поминуваш најголемиот дел од денот, некогаш дури промена и на градот во кој живееш.

Добрата вест е што ако играш паметно – ќе успееш да преземеш целосна контрола врз ситуацијата. Ќе успееш да ја избалансираш возбудата која доаѓа од новите почетоци и запознавањето на новите колеги со потребата на менаџерите да им докажеш дека ја донеле вистинската одлука кога те вработиле.

Иако досега во животот се тренираше да бидеш природен и свој, првите впечатоци знаат да бидат покомплицирани од што се чинат дека се. Ти си сигурен во својата работливост, вредност и неверојатен тимски дух, но и најмалите неконтролирани потези можат да ја испратат спротивната порака. И додека можеби не треба да се преоптоваруваш со големи правила по кои ќе го водиш работниот ден, никогаш не можеш да згрешиш ако сослушаш совет од оние кои поминале низ истиот процес повеќе пати досега.

 

Освежи ги „старите“ контакти

емаил хантер 3

Првата работа која треба да ја направиш при промената на работното место, без разлика дали остануваш во истата или друга индустрија, е за тоа да ги известиш „старите“ контакти.

Испрати e-mail до луѓето со кои соработуваше преку минатото работно место (групен мејл со контакти во BCC е сосема во ред) за да ги известиш дека си ја променил позицијата и за да ги споделиш твоите нови контакт-информации. Доколку очекуваш да ја продолжиш соработката со некои од нив, кажи им го тоа преку испраќање на e-mail во кој ќе им кажеш дека ќе останете во контакт и дека едвај чекаш да соработувате повторно.

 

Дознај ги очекувањата и одговорностите

Во текот на првата недела, шансите се големи дека твојот менаџер ќе ти закаже тренинг-сесија, а во најмала рака, состанок. Затоа што е неверојатно комплицирано нечии одговорности да се пренесат преку само една сесија, искористи го максимално времето кое ти е посветено.

Постави ги сите прашања кои ти паѓаат на ум, дури и на ризик да делуваш досадно, зашто подоцна најверојатно ќе се каеш за сите прашања кои си сакал, а не си ги поставил. Најважно, не заборавај да го прашаш менаџер што се очекува од тебе во следните недела дена, месец и 3 месеци.

 

Претстави се себеси

Group of happy young business people in a meeting at office

Шансите се големи дека за време на првиот работен ден, твојот менаџер ти направи мини-тура низ канцелариите и те запозна со некои од колегите. Искрено, со нивото на стрес и збунетост кое го имаш првиот ден, скоро е невозможно да запомниш било што од тоа што ти го кажале.

Затоа, замоли ги колегите да се претстават себеси одново, и овој пат внимавај побрзо да ги запомниш нивните имиња и позиции. Не сакаш да се најдеш себеси во ситуација во која делиш канцеларија со колешка која веќе 3 недели ја нарекуваш девојката-со-црвената-коса.

 

Социјализирај се

Media_Soho_West

Откако ќе дознаеш со кого ќе бидеш опкружен и со кого ќе соработуваш, покани ги на ручек / кафе. Дури и една пауза ќе ви помогне да се зближите побрзо, никој кој има многу работа во денот нема време да се посвети максимално на оној со кој дели канцеларија. Додека сте на пауза заедно, не заборавај директно да прашаш за совети и искуства, без разлика дали тоа е добро место за јадење во близина или искуства во справување со клиенти. Најчесто, луѓето се поласкани кога од нив бараш совети и ќе бидат расположени да ти помогнат со сè што можат.

 

Набљудувај и слушај внимателно

Иако менаџерите сигурно дадоа сè од себе за да те запознаат со сите официјални правила, големи се шансите едноставно некои од нив да ги изумиле. Без разлика дали се тоа правила за дрескод или за резервирање на конференциската сала за состаноци, слушај внимателно за време на првите средби со колегите и набљудувај го начинот на кој функционираат и се однесуваат вработените.

 

Изгради успешна кариера, регистрирај се на kariera.brainster.co и добивај ги најдобрите огласи за работа, во твоето e-mail сандаче!

Brainster Кариера и Вработување на Linkedin

 

Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, вработување, најди работа, kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, работа, нова кариера, работни услови, одговорности, менаџер.

Related Stories For You