Сигурно многу пати сте го виделе овој интересен ефект кој навистина лесно и вие можете да го направите во Photoshop. Отворете ја фотографијата која сакате да ја користите и во нов слој напишете го текстот.
Држете Ctrl и кликнете на иконката Т на слојот со текстот.
Со ова го селектирате текстот.
Направете го текст слојот невидлив и ќе го добиете следното:
Со активна селекција, селектирајте го слојот со фотографијата и направете маска.
Слојот треба да изгледа вака:
Со десен клик на слојот можете да одберете Blending Options… каде ќе можете да додадете Drop Shadow и Stroke на целиот слој, со што ќе го добиете токму истиот ефект како овде.