Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Project ManagementРегистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

 

Од секојдневни иновации во поглед на дигиталната трансформација, до луди подвизи како вселенските проекти на Илон Маск… Визионери има доста. Во денешно време, вистинскиот проблем е егзекуцијата.

Project менаџерот треба да ги искачи планините наместо да ги носи на рамена. Тимот треба да перформира добро и проектот треба да биде завршен според планираното. А доколку некаде се заглави и секојдневната работа почнува да заличува на манијакално вртење во круг, тогаш врзи се project менаџеру и врати се чекор-два наназад.

Процеси

За секој проект мора да постои процес за успешна егзекуција. Но, проектниот менаџер кој им виси над глава на членовите од тимот со долга листа на активности кои треба да се штиклираат… Не помага на продуктивноста. Процесите се тука да ни бидат водилка а не да ни ствараат нервоза. Имајте ја јасната слика во глава меѓутоа и пивотирањето не значи дека проектот нема да биде успешно завршен.

Меѓучовечки односи

Не би можеле успешно да го завршите проектот ако вашата соработка не се заснова на почит и разбирање. Не, не е во ред доколку иста грешка повторуваме повеќе од еднаш. Тоа значи дека станала одлука. Не дозволувај да се таложат овие мали а големи проблеми затоа што може да експлодира! Инвестирај на време во работната етика на членовите на тимот.

Површинско анализирање

Ако се што е сработено до сега изгледа супер, тогаш каде заглавивте? Внимавај на синдромот “watermelon”.  Од надвор изгледа дека сме во зелената зона, и дека се оди по план. Ама всушност сме во црвената бидејќи даваме убаво спакувани репорти за нашата работа. Давајте реален фидбек, често, и нема да заглавите. Let’s not sugar coat things!

Нормално е секој проект да наиде на препреки. Не дозволувај да научиш како се надминуваат на потешкиот начин.

Не заборавај да се насмееш

Нема шанси да се сврти спрема добро работата ако продолжуваш да се нервираш и нервираш и нервираш. Заборави на момент на проблемите, опушти се барем на неколку часа и врати се на твојата најважна задача – да го диригираш твојот тим до успехот.

 

 

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.