Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Growth Hacking. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

 

Одличен пример за Growth hack, преку ефективна referral програма. Dropbox e облак датотека – хостинг сервис кој овозможува складирање и организација на датотеки во облак.

Во моментот кога бројот на регистрации им паднал под цената кој ја плаќале за рекламирање, почнале да разгледуваат опции за зголемување на растот на поинаков начин. Станало јасно дека класичната реклама и огласи не функционираат најдобро. Тогаш ја лансирале следната акција: 500 МВ слободен простор за складирање датотеки ако поканиш пријател – и за тебе, и за пријателот!. На ваков начин може да се добијат 16 GB слободен простор.

Со овој hack стимулирале голема количина на сообраќај на нивнaта платформа. Луѓето веруваат на препораки од пријатели и се’ помалку функционираат традиционалните реклами. Со неколку ефективни техники Dropbox се искачува на врвот.

Referral во процесот на инсталирање

Referral програмата е вградена во основните чекори на регистрација. Процесот е во 6 чекори, каде последниот е да поканиш пријател да се придружи на Dropbox. Изгледа како да е дел од самата регистрација, и ти доаѓа да го направиш!

Имаш повеќе опции за споделување

Бирај: e-mail, Facebook, Twiter.

Call-to-Аction

Потребата на клиентите е повеќе простор за складирање на своите драгоцени фајлови. Затоа, елиминирани се сите непотребни компликации и неред. Направен е видлив и пристапен Call-to-Аction каде првиот повик за акција не е „сподели со пријател“ туку „добиј повеќе простор“. Точно она што им е потребно на корисниците за да на крајот го добијат тоа што го сакаат.Dropbox обележува експоненцијален раст со повеќе од 200.000 бизниси кои ја користат платформата. Referral програмата го зголемила бројот на регистрации за 60%.

 

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

 

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.