Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Growth Hacking. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.
P.S: I love you. Get Your Free Email at Hotmail
Ти звучи познато? Знаеш дека Hotmail ја искористи оваа фраза да го hack-не растот на компанијата, уште пред да биде измислен терминот growth hacking?
Приказната започнала во 1996 година кога двајца колеги на работа Saber Bhatia и Jack Smith планирале да започнат Java Soft компјутерски софтвер. При изградба на системот (плашејќи се дека нивниот шеф ќе им ги чита пораките), создаваат web-базиран e-mail систем за нивна приватна комуникација. Кога почнале да комуницираат со светот, се родил Hotmail – првиот бесплатен и јавен e-mail сервис. На почетокот добиле 300.000$ од инвеститори, но лансирањето на Hotmail, сѐ уште не било импресивно. Нивната почетна маркетинг стратегија била да закупат билборди и да платат радио реклами. Инвеститорот Timothy Draper добил подобра и многу едноставна идеја. Напишале: P.S: I love you. Get your free e-mail at Hotmail.” на крајот на секој испратен e-mail.
За само неколку часа Hotmail, бележи огромен раст. Во време кога имало само 70 милиони интернет корисници во светот, започнале да генерираат околу 3000 нови корисници на ден. За 6 месеци, стигнале до 1 милион корисници. 1.5 година по лансирањето, го продале на Microsoft со 12 милиони корисници.
Вистината е дека лансирале иновативен и корисен продукт за нивното време. Hotmail станува голем иноватор за краток период. Направиле драстични промени на корисничкиот интерфејс и први ја вовеле безбедносната иновација, како антивирусно скенирање на attachments. Први ја интегрирале календарската услуга, проверка на правописот, пребарување и web-messenger.
Ако ги споредиме средствата кои ќе требале да ги вложат во сите традиционални канали за маркетинг, наспроти овој мал и генијален growth hack – сите ќе го одбереме второто. Во следната лекција ќе прочиташ зошто не треба да се потпираш на growth hacking-от на долг рок! 🙂
Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.
Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.