Причини за кариера во UX/UI дизајн

Развојот на UX/UI дизајнот како професија е нешто што се случи сосема природно и спонтано. Потребата се разви заедно со еволуцијата на технологијата и светот воопшто. Во последниве години, со дигитализацијата како движечки фактор,  фокусот на корисничкото искуство стана една од најзначајните работи, со што се зголеми и побарувачката за искусни UX дизајнери од страна на компаниите. Конкретен доказ за оваа експоненцијална популарност е и списокот на 25-те највисокo платени работни места за entry level позции во 2019 на Glassdoor, на која UX/UI дизајнот го зазема високото 6-то место. Се претпоставува дека овој тренд ќе продолжи и во наредните 10 години.

Горенаведеното дава основа да размислите да започнете со дизајнерската кариера во UX во 2020.

Во овој текст ќе пробаме накратко да ви раскажаме нешто повеќе за UX/UI дизајнот, со надеж дека овие информации ќе ви помогнат да се одлучите дали UX е опција за кариера за вас или не.

Што е UX Design?

Според елоквентните термини, UX дизајн е нешто што ги опфаќа сите аспекти на интеракцијата на крајните корисници со една компанија, нејзините услуги и нејзините производи. Дизајнот на корисничко искуство не значи само употребливост и изглед на корисничкиот интерфејс, туку опфаќа и други области.

Оваа професија ги вклучува сите активности за развој на производи и услуги што им даваат пријатно и значајно искуство на корисниците и клиентите преку беспрекорно интегрирање на аспекти како што се употребливост, брендирање, дизајн и функционалност, меѓу другите. 

Причини за кариера во UX/UI

Раст и можности

Растечкиот пазар создаде поголема потреба за производи и услуги, а следствено со тоа и повеќе можности  за поискусните (па дури и почетниците) дизајнери на UX.

Фактите кои велат дека денес луѓето во просек поминуваат скоро 2 часа и 51 минути на својот мобилен уред и дека 22% од нив ги проверуваат нивните телефони на секои неколку минути, само ја надополнуваат потребата и ја истакнуваат важноста на професијата UX дизајнер. UX дизајнерите се оние кои се одговорни за беспрекорното корисничко искуство.

Побарувачката на пазарот

Побарувачката на пазарот игра голема улога во тековната популарност на UX дизајнерската професија. Тоа што секој 1 долар инвестиран во UX резултира во поврат на помеѓу 2 и 100 долари и што стратешкото креирање на корисничко искуство има потенцијал да ги зголеми стапките на конверзија за дури 400% се доволни причини за објаснување на енормно растечката побарувачка за UX кадри. Се очекува дека истатата само ќе се зголемува во текот на 2020 година.

Појавување на дизајн-ориентирани организации

Очигледно е дека зголемената побарувачка, поточно трендот за дизајн, создаде многу организации кои се базирани на дизајн (Coca-Cola, Apple, Nike) и кои во моментов се главните магнети за многумина што сакаат да лансираат кариера во UX.

Дизајнот сè повеќе е во прв план, бидејќи е доста корисен за организациите. Една студија спроведена во 2014 година вели: „Резултатите покажуваат дека во последните 10 години компаниите предводени од дизајн одржуваат значителна предност на берзата, надминувајќи ја S&P за вонредни 228%“.

Бидeјќи дизајнот стана побаруван, тој автоматски ја зголемува потребата за умешни UX дизајнери. Дизајнот е секогаш насочен кон она што го сакаат корисниците и типот на искуство што дизајнот може да го пренесе. 

Супер платена професија

Во САД и западно-европските држави, оваа професија е платена помеѓу  $56,000 и $100,000 на годишно ниво.

Иновативна и креативна професија

Со секоја нова технологија доаѓаат повеќе идеи и простор за креативност. Постојат многу индустрии на пазарот кои на UX дизајнерите им нудат можности да експериментираат и да иновираат.

Кога имате простор да иновирате и да користите технологија, тоа што го креирате им создава задоволство на другите. UX дизајнерот има моќ да испорачува производи што имаат цел да го подобрат животот на луѓето. На пример, дали сметате дека е можно дури и „Apple“ да го лансира својот „iPhone 11“ без придонесот од својот тим за UX дизајн? Се разбира дека не.

UX e кариера која ќе ве натера да го слушате корисникот, да се ставите во негова позиција и да го разберете неговиот начи на размислување и најважно од сè, да се сочувствувате со него за да испорачате нешто различно. Затоа, ако си некој кому емпатијата му доаѓа природно и кој има желба да иновира и да биде креативeн, тогаш UX дизајнoт може да се покаже како идеална опција за кариера за вас.

Уписите на Brainster Академијата за UX се во тек. Повеќе информации може да најдете ТУКА

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА