„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори чија цел е да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете ја со пријателите.
Група на ентузијасти и посветени велосипедисти во Сан Франциско – Калифорнија, разбирајки ги ризиците од делење на патот со автомобилите, го започнале нивниот стартап, водени од идејата дека велосипедите траба да бидат подеднакво видливи како и било кое друго возило кое што го користи патот! Така ги создале хелиос барс.
Популарни курсеви:
- Часови за готвење -#ГотвимесоФичо азиска храна – Филип Поповски
- „Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“ – Нина Николиќ
- Изградете сопствена веб страна за 4 дена на WordPress – Марио Давчевски
- Курс за Онлајн Маркетинг – Научи со работа на реален проект – Петар Ниновски
Хелиос барс претставуваат “паметни” рачки за велосипед кои во себе интегрираат ГПС – следење, Bluetooth конекција како и предни и задни лед светла кои служат за сигнализација во сообраќајот.
Хелиос барс се поврзуваат со апликација на смартфон, се бира патеката во вградениот ГПС, со тоа што задните ЛЕД светла се вклучуваат за сигнализација автоматски при секоја крстосница (секако постои опција и за мануелно активирање). Во хелиос барс имате вграден и визуелен брзинометар и со оглед на брзината со која се движите, лед светлата ја менуваат и својата боја, односно со зголемувањето на вашата брзина амбиенталните светла се менуваат.
Момците од Хелиосбарс тимот, ја лансирале својта кикстартер кампања на 21 Мај 2013 со иницијален таргет од 70.000 долари која цел ја достигнале за помалку од една недела. Цената на хелиос барс – рачките се движи околу 300$ во зависност од спецификациите кои сакате да ги има (боја, материјал на изработка и сл.).
Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука.
Со среќа,
Вашата Brainster заедницa