Запознај ја Христина Василевска Димчевска – Dream Team студент на Академијата за Project & Product Management за месец ноември 2022.

 

Име и презиме: Христина Василевска Димчевска

По професија: Правник, но работам како проектна менаџерка.

Академија: Академија за Project & Product Management

Зошто баш Project & Product Management: Затоа што е динамична професија и може да се примени во речиси сите индустрии. Добриот проект менаџер е клучен во работата на секој тим и од него во голема мера зависи (не)успехот и мотивираноста на тимот.

Што те мотивира постојано да учиш: Во времето во кое живееме, постојаното учење и надградување е задолжително. Светот брзо се менува и често она што сме го научиле на факултет станува застарено. Моите амбиции никогаш не биле да запрам со учењето по завршување на формалното образование, напротив продолжив со неформално надградување на вештините за да можам да бидам во тек со она што се бара на пазарот на трудот. Стекнатите знаења се секогаш мотивација за продолжување со учење.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Академијата нуди многу интересни и добро структурирани содржини. Сепак, она што го научив, а што е од особено значење за секој професионалец е како да се координираме во remote тим. Предизвиците се бројни, но секој надминат предизвик придонесува кон поголема кохерентност и посветеност на тимот.

Омилен модул и зошто: Менаџирање со ризици и промени во проектите. Бидејќи е често заборавен дел во менаџирањето проекти на кој не се посветува доволно внимание, а е од исклучително значење, бидејќи не предвидувањето на одреден ризик и немањето соодветен план за справување може да предизвика целосен неуспех на проектот.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Досега на Академијата се запознавме само со двајца инструктори, кои покажаа исклучително знаење и професионализам и секој користеше свои методи и техники за пренос на знаењето. Јас лично, би ги издвоила предавањата на Огнен Трипуноски како предавања од кои многу научив. Неговата посветеност и повратните одговори на изработените задачи даваат дополнителен поттик за одговарање на задачите во рамки на Академијата.

За 5 години сакам да бидам: Дел од тим кој е посветен на промени и кој се гордее на успесите, а учи од грешките. Тим за кој проектите се повеќе од работа, а клиентите многу повеќе од спонзори и нарачатели на проектот.

Хоби: Читање книги и гледање на серии.

Омилена книга: Папата Јована

Омилен цитат: “Travel. Because money returns, time doesn’t.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!