Запознај ја Марија Симоски – Dream Team студент на Академијата за Project & Product Management за месец октомври 2022.
Име и презиме: Марија Симоски
По професија: Економист, вработена во ИТ компанија – сектор финансии.
Академија: Академија за Project & Product Management
Зошто баш Project & Product Management: Бидејќи е многу популарна област, последниве неколку години. Како се движиме низ модулите, разбирам дека е применлива во секоја професија, но и важен фактор секоја компанија успешно да ги води своите проекти и продукти.
Што те мотивира постојано да учиш: По природа сум динамична личност и ме интересираат различни области. Верувам дека треба континуирано да се надградуваме во областа во која работиме, а понекогаш и да излеземе од комфорната зона и да почнеме нешто ново од почеток.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Сѐ уште сме на почеток на Академијата и голем дел од материјалот за мене е нов и интересен, но потребно е да се посвети време за да се разбере, а понатаму и практично да се применува. Интересни за мене беа презентациите за различните видови на методологии кои ги поминавме, од кои би ја издвоила Agile методологијата.
Омилен модул и зошто: Сите модули се интересени и потребни за да ја добиеме целата слика. Модул кој со нетрпение го очекувам е „Буџетирање“ бидејќи очекувам многу да ми помогне во секојдневните активности.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите инструктори се супер и уникатни на свој начин. Добро е што во текот на Академијата имаме можност да учиме од различни професионалци кои на свој единствен начин ни го пренесуваат своето знаење.
За 5 години сакам да бидам: Успешна и исполнета во работата која ја работам, како и практично да ги применувам искуствата и знаењата стекнати од Академијава.
Хоби: Читање книги и маратонско гледање на серии.
Омилена книга: Обожавам трилери и мистерии. Тешко ми е да издвојам една книга, но можам да издвојам еден автор, Донато Каризи.
Омилен цитат: “Trust but verify.“
Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!