Огнен Трипуноски е дел од инструкторскиот тим на Brainster+ Академијата за Project & Product Management и програмски менаџер во Brainster. Но освен тоа е и еден од членовите во Brainster тимот коj е главниот виновник за да се креираат новите Brainster+ Академии.
Ти си проектниот менаџер кој го водеше и реализираше проектот Brainster+. Што мислиш дека беше клучно за овој проект да успее?
Подеднакво важно за еден проект е да има ефикасно управување со обемот на работа, временските рамки и определениот буџет. За овој проект конкретно, го добивме најдоброто од горенаведеното. Сите засегнати страни одговорно ја сфатија својата улога и дадоа максимален напор за да имаме успешна егзекуција. Не можам да го изоставам и проектниот тим, од кој беа дел и 30 надворешни соработници, експерти во разни области.
Најголемиот предизвик со кој се соочивме беа временските рамки диктирани од специфични услови пропишани со буџетот на инвестицијата, но со “earned values” методологијата постигнавме балансиран прогрес на проектот од сите 3 аспекти.
Од аспект на квалитетот, пресуден беше изборот на висококвалификувани предавачи (домашни и интернационални), кои активно работеа на подготовка на програмата за Brainster + со кои креиравме квалитетен материјал кој нуди вистинска вредност за нашите студенти и организациите кои ќе ги вработат.
Како сметаш дека Brainster+ Академиите ќе бидат game changer во начинот на учење и стандардното образование?
Она што претставува “Brainster +” е комплетна развојна програма која опфаќа огромен број области и е наменета за сите профили на професионалци без разлика на нивото на експертиза. За ваква развојна програма, големите и успешни организации и корпорации трошат стотици илјади евра низ години вложување при создавање високостручни кадри со цел да изградат високоефективни тимови, кои на крајот ја прават разликата од успешна до просечна организација.
Нивото на кое е развиена “Brainster +” програмата, би рекол дека претставува готов производ апликативен во сите организации, кој без никакви пречки може да стане default personal development plan за секој од вработените или за секој еден поединец кој сака да понуди комплетен продукт од аспект на професионално развиени вештини, подготвен веднаш да се вклопи во тимот со кој ќе ја работи неговата работа од соништата.
Од каде потребата за овој проект?
Сите оние кои професионално се занимаваат со едукација знаат дека е предизвик да создадеме едукативна програма која го обучува студентот во една специфична област, особено во време кога промените се случуваат побрзо од што можеме да се прилагодиме. Но, да се изработи едукативна програма која покрај тоа што креира стручен кадар во специфична област, го опремува и со сите потребни вештини кои ја комплетираат сликата за тоа како изгледа идеалниот професионален профил за кој сите организации се борат, е тоа е вистинскиот предизвик.
Сигурна сум дека никој досега како мал не сакал да биде проектен менаџер кога ќе порасне. Како се одлучи да ја работиш оваа професија?
Дефинитивно се согласувам дека никој како мал не сакал ниту пак замислувал дека ќе биде проектен менаџер, што апсолутно е случајот и со мене. Пред сѐ, тоа е така затоа што оваа професија не можеш да ја разбереш ниту некој може да ти ја објасни, сѐ додека навистина не ти стане потребна. Или пак доколку не сфатиш дека овие вештини во моментов се барани квалификации на пазарот за трудот.
Мојата кариера ја започнав пред сѐ како машински инженер за развој и имплементација на комплексни производни оперативни процеси. Во одреден момент се појави потребата за надградба на вештините и резултираше со развој во полето на проектен менаџмент. Доста брзо увидов дека професијата инженер и проектен менаџер е симбиоза без која не можам да продолжам да работам и да придонесувам.
Иако кариерниот пат понатака ме одведе надвор од водите на проектниот менаџмент, вештините од тоа поле ми донесоа огромна вредност и стартна предност за позиции како Главен раководител на оддел за управување со проекти.
Можеш ли да споделиш real life пример како ефективен проект/продуктен менаџер придонесува во успехот на една организација?
Повеќе би сакал да доловам што претставува неефективен проектен менаџмент и како тоа може да влијае врз една организација.
Еве една паралела на неуспешен проект во отсуство на проектен менаџмент:
На почеток на проектот
Предвиден рок: 18 месеци. Буџет: 1,7 милиони евра. Проектен тим: 3ца.
На крај на проектот
Време: 30 месеци отсапка од рок. Буџет: 1.7 отстапка. Проектен тим: -1.
Проектот направи повеќе штета на организацијата отколку што ѝ донесе успех и единствената причина за тоа не беше дека проектот не е добар, туку дека не беше соодветно управуван, ниту пак на време прекинат.
Добра но прилично скапа лекција би рекол 🙂.
Кои вештини сметаш дека се есенцијални за да си успешен проектен или продукт менаџер, и како може да се развиваат тие вештини?
Пред се еден проект менаџер треба да има професионална обука и познавање на сите алатки за проектен менаџмент. Како бонус доаѓа доколку проектниот менаџер има контекстуално или технолошко познавање за продуктот за кој е наменет проектот, нe мора да значи дека е неопходно.
Следни на списокот се, и апсолутно неопходни:
- Генерално меки вештини како: комуникација, колаборација, менаџирање на време, менаџирање стрес и преговарање;
- Иновативен пристап и способност да размислува надвор од рамките на познатото, а задачатa на проектните менаџери е денес да го испланираат и предвидат секој можен исход на она кое ќе се случува за неколку месеци или години;
- Лидерски вештини затоа што секој проект менаџер во периодот додека трае проектот треба да води тим од луѓе без кои испорачување на проектот не би било возможно;
- Вештини за решавање проблеми и носење одлуки, затоа што секој проект вклучува голем број на ризици и непредвидливи ситуации во кои треба брзо да се носи одлука како да се продолжи понатака.
Најдобар начин за да се развијат овие вештини е преку посетување на обуки и тренинзи за развој на истите, работење со ментор и секако стекнатото искуство по пат и научените лекции.
Според многу истражувања, наредната декада ќе бележи пораст на проектни менаџери во ИТ. Што мислиш околу тоа?
Би рекол дека тоа е правопропорционална величина со зголемувањето на обемот на работа и предвидениот буџет за проекти. Ако оваа година обемот на работа и буџетот порасне за 30%, во исто толкав број ќе порасне и потребата од соодветен кадар.
Бројот на проект/продукт менаџери секако дека не е еднакво пропорционален со бројот на технчки кадри кој го градат продуктот, но доколку има организацијата 3ца проект/продукт менаџери и 30 технички кадри, 30% зголемен обем на работа и буџет би значел + 1 проект/продукт менаџер и + 10 технички кадри за градење на продуктот.
Според ова, би значело дека следната итерација на пораст би била х% од последниот износ кој во континуитет се зголемува, што јасно ќе покаже дека потребата од проект/продукт менаџери ќе се зголемува во пропорција со растот на организациите.
Како се информираш за нови методологии, алатки и најдоби практики во проектен менаџмент?
Најдобар извор на информации за новитетите во проект/продукт менаџмент се секако глобалните организации кои се основоположници и лидери во ова поле, како што е PMI (Project Management Institute) кои на редовна основа објавуваат што е ново, што е застарено, која методологија преовладува или го превзема водството врз друга, и какви сѐ нови алатки и сертификации постојат.
Исто корисен извор е членство во локални организации кои ја градат и одржуваат заедницата на проект/продукт менаџери каде може да се разменат валидни искуства, И секако, не го исклучувам присуство на конференции поврзани со темата каде доаѓаат предавачи од глобалната заедница и ги споделуваат своите искуства.
Користењето на софтвери за проект/продукт менаџмент е самото по себе извор на информации за новитети, бидејќи со нивната употреба постојано сме изложени на сите надградби и нови функционалности кои се интегрираат и помагаат во секојдневното работење.
Академијата за Project&Product Management е веќе пополнета.
Провери достапност за следните групи.