Запознајте го Никола Ѓуровски – Dream Team студент на Академијата за Project & Product Management за месец март 2022.

 

Име и презиме: Никола Ѓуровски

По професија: Дипломиран инженер по електротехника

Академија: Академија за Project & Product Management

Зошто баш Project & Product Management: Project & Product Management како посебни професии нудат поширок избор на сектори во кои може да се пронајдам. Самата професија бара постојано учење и надградба, и работата е доста динамична и предизвикувачка.

Што те мотивира постојано да учиш: Останатите студенти на Академијата. Има многу убава атмосфера на колегијалност, соработка, поддршка и разбирање. Мене таков тип на средина најмногу ме привлекува и мотивира.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Уште ја немам научено, но ја открив и ќе ја учам по пат. Се работи за soft skills – делот со кој најслабо стојам, а Академијата е одлична почетна точка за учење и стекнување искуство.

Омилен модул и зошто: Модул 5: „Менаџирање со ризици и промени во проектите“ ! Изработката и презентацијата на вежбите беше одлична можност за тимска работа и забава на часовите во живо.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Огнен Трипуноски, засега. Може му се погодија модулите – лесни и забавни.

За 5 години сакам да бидам: Проект или Продукт менаџер со 5 години работно искуство во областа.

Хоби: Кардио вежби од секој вид, јога, поткасти… Од поткасти кои ги следам, посебно го издвојувам и препорачувам Andrew Huberman (YouTube), за оние кои сакаат да го оптимизираат своето секојдневие и да го зголемат својот личен перформанс.

Омилена книга: Тешко прашање за некој што по сплет на околности има време да чита само техничка литература. Најверојатно некое упатство за употреба.

Омилен цитат: ,,Не го прави денес тоа што утре можеш да го одложиш за задутре” – цитат од непознат, но успешен проект менаџер.

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!