Никола Боев – Dream Team студент на Академијата за Project & Product management | Brainster

Никола Боев – Dream Team студент на Академијата за Project & Product management

Запознајте го Никола Боев – Dream Team студент на Академијата за Project & Product Management за месец мај 2022.

 

Име и презиме: Никола Боев

По професија: Product Manager

Академија: Академија за Project & Product Management

Зошто баш Project & Product Management: Кариерата како проект менаџер може да биде возбудлива, разновидна, исполнета и продуктивна. Да водиш тим и луѓе е секогаш предизвик кој со нетрпение го чекам.

Што те мотивира постојано да учиш: Моите родители. Знам добро што направија за да ме доведат овде на оваа позиција. Направија многу и жртвуваа многу работи за моето добро. Моето учење и напредок секогаш ќе бидат посветени за нив.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Има многу добри лекции што ги научив на Академијата, но веројатно најважната и најинтересната е дека не се работи за технологија или создавање на добар проектен план – туку да можеш да се справиш со многу различни луѓе.

Омилен модул и зошто: Моментално Модул 3: Иницирање и планирање на проекти. Интересни задачи, пропратени со многу тимска работа – со тим со кој сѐ уште се запознававме и кроевме планови за нашиот иден проект.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Ивана! Дефинитивно незаборавно искуство со многу интеракција и смеа.

За 5 години сакам да бидам: Побогат 🙂

Хоби: Gaming и спортски активности кога коленото дозволува.

Омилена книга: The Mozart Conspiracy

Омилен цитат: Don’t compare yourself with other people; compare yourself with who you were yesterday.” 

 

Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!