Потези кои прават да делуваш непрофесионално за време на состаноци

Овој текст е дел од серијата лекции „Како до успешна кариера 101“.

Можеби неверојатно досадни и понекогаш исто толку непродуктивни, бизнис состаноците сепак се дел од твоето секојдневие.

Никогаш, никој не изјавил дека е љубител на состаноци. Но суровата вистина е дека работните денови ни се исполнети со нив, некои повеќе, некои помалку важни. Без разлика дали е тоа редовниот „staff meeting” во понеделник наутро или средба со донаторите, состаноците се дел од твојот професионален живот и за жал, тоа се приликите во кои најчесто се оценува твојата професионалност и компетентност, а понекогаш дури и целата твоја кариера може да зависи од една таква мала средба.

Се лажеш ако мислиш дека не постои такво нешто како вештина за водење на состаноци. И додека еден дел од оваа вештина зависи само од твоето ниво на култура, другиот дел се учи само после долга анализа и искуство. Време е на бизнис состаноците да почнеш да гледаш не како на прилика за уништување на твојата репутација, туку како шанса за докажување на твоите вештини и професионалност.

Прочитај ги работите кои никогаш не треба да ги правиш за време на состаноци за да не ја ставиш на ризик својата кариера.

Забораваш да бидеш 100% фокусиран на разговорот

blog 18 slika 2

Да, невозможно е да бидеш секогаш целосно посветен, особено ако состанокот е тежок и трае многу долго. Но не дозволувај да почнеш да размислуваш за тоа што ќе јадеш за вечера и да пропуштиш 10 минути од состанокот, тоа може да биде вистински проблем ако треба да се вклучиш во разговорот или ако во тие моменти се кажало нешто особено важно.

Еден друг проблем е кога се фокусираш толку могу на тоа што ти ќе го кажеш што забораваш воопшто да следиш што кажуваат другите, ова се случува многу почесто од што можеш да замислиш.

Без разлика која е причината, доколку не си фокусиран, ризикуваш да кажеш нешто неповрзано или уште полошо – да повториш нешто што веќе било кажано.

Премногу си негативен

Се разбира дека е во ред да понудиш твое гледање на темата и свежа перспектива, но константно негирање и несложување со тоа што го кажуваат другите може да биде голем проблем. Ова најчесто се случува кога разговорите траат предолго и се чини како невозможно да се дојде до решение или заклучок, но негативен став, иако ќе исфорсира заклучок, ќе влијае многу лошо на расположението на соговорниците и твојата репутација.

Подобар начин е да понудиш реално предлог решение, иако тоа може значи дека разговорот ќе трае подолго од што сакаш.

Зборуваш на телефон

blog 18 slika 1

Одговарањето на телефонски повици не само што е непрофесионално туку е и крајно непристојно. Иако ова правило звучи очигледно, многумина сè уште не го почитуваат. Денес, не е проблем само зборувањето туку и воопшто користењето на телефонот (пр. одговарањето на Фејсбук пораки и имејлови).

Ако си на состанок – биди на состанок и почитувај ги соговорниците кои одвоиле време за да се сретнат со тебе. Доколку не можеш да издржиш да не одговориш на пораките кои ти стигаат, исклучи го целосно телефонот или воопшто не го земај со себе. Не сакаш да ризикуваш да делуваш незаинтересирано или уште полошо, непрофесионално.

Изгради успешна кариера, регистрирај се на kariera.brainster.co и добивај ги најдобрите огласи за работа, во твоето email сандаче!

Brainster Кариера и Вработување на Linkedin

Овој текст е објавен во категоријата Кариера и ги содржи следните клучни зборови: кариера, вработување, најди работа, kariera, vrabotuvanje, najdi rabota, работа, работно место, состанок.

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.