Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Кариера. Регистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.
Во свет на Tech развој, компаниите сѐ почесто им нудат на своите вработени дел од нивниот капитал во форма на equity.
Самиот equity (удел) значи навлегување во сопственоста на компанијата, и овој принцип на работа е добар од неколку причини. За компанијата значи: стимул за вработените да се вложат за растот компанијата на долг рок, и поставување на платите на релативно пониско ниво на краток рок. Што значи ова и како да ја разбереш разликата? Овие прашања треба да си ги поставиш кога би ти била понудена опција за доделување на удел од компанијата.
Дали можеш да преживееш со пониска плата?
Работењето во стартап е возбудливо искуство. Можеш многу да учиш и да се надградувааш, а на крај од денот да ги видиш резултатите од твојата работа со свои очи. Пред да ја прифатиш оваа опција запрашај се колкави се твоите трошоци. Oбиди се да детерминираш минимална плата која ќе можеш да ја прифатиш без да имаш тешкотии во живеењето. Најверојатно твојата компанија не би те ставила во неповолна ситуација, но имај го ова на ум.
Кој е твојот четиригодишен план?
Ако твојот удел е на типичен четиригодишен распоред за стекнување, нема да имаш можност да купиш удели пред истекувањето на првата година. Oстатокот ќе треба да го додадеш во наредните три години. Доколку имаш некои големи чекори пред тебе: планираш да се вратиш на факултет, сакаш да се преселиш или на друг начин не очекуваш дека ќе бидеш долго во компанијата, земи го тоа како фактор во твоите размислувања. Преземањето на овој чекор значи долгорочен анганжман.
Колку силно веруваш во компанијата?
Голем е ентузијазмот кога се приклучуваш на работа во нова, млада компанија. Вербата во целиот концепт врз кој е изградена е од голема важност. Одлуката помеѓу платата и уделите е момент кога ќе треба критички да погледнеш целата ситуација. Колку оптимистички гледаш на работите и дали мислиш дека идејата за целиот бизнис има просперитет? Дали мислиш дека ова е компанијата во која ти ќе ги достигнеш највисоките граници на твојот потенцијал? Можеби ти си личноста која ќе и помогне на компанијата да го освои светот. Ако сакаш да работиш за плата и да не се замараш околу успехот на компанијата, знаеш дека ќе можеш во било кое време да најдеш нова работа за иста, или малку повисока плата. Тогаш оваа опција најверојатно не е за тебе.
Дали избраната опција има финансиска смисла?
Ако компанијата ти понуди две различни понуди, една со поголем удел, а друга со повисока плата, вреди да направиш пресметка за да одлучиш дали бројките се еднакво разумни. На Wealthfront има корисни блог постови за тоа како полесно да пресметаш. Добра идеја е да генерираш некои бројки за да направиш подобра споредба и да донесеш правилна одлука.
На крајот на краиштата ти одлучуваш. Дали треба да го одбереш поедноставниот и поудобниот пат: одиш на работа, земаш плата на крај на месецот и не размислуваш подалеку? Или ќе преземеш ризик, но на крајот ќе бидеш одговорен за твојот придонес во компанијата исто како да е твоја?
Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.
Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.