1. Кажи ни нешто за тебе, кој е Ѓурчин и што работи?

Бизнис аналитичар во Ramstore Македонија кој сака да работи со бројки и да носи заклучоци од егзактни информации. Финансиите и аналитиката ми се пасија, која во последно време ја надополнувам со програмски јазици. Во Brainster си ја исполнив желбата да го споделувам моето искуство и знаење со ентузијасти за анализа на податоци и лица со јасна цел за успех.

2. Зошто Microsoft Excel и неговите Пивот табели?

Затоа што претставува апликација која преку броеви и соодветни анализи го поедноставува одговорот за подобра одлука во кој било дел од животот, без оглед дали се работи за бизнис симулација или некоја конкретна бизнис акциja. Во денешно време неизбежна во секој сегмент на бизнис светот и секоја професија. Pivot табелите, или табели кои се изведуваат од некоја основна изворна табела, му овозможуваат на корисникот да ги види разликите во многу голем број на информации. Тоа е многу корисно во организирање на голем број на податоци во Microsoft Excel и донесување на заклучоци врз основа на таа анализа.

3. Што ќе научат учесниците на Pop-up курсот: Пивот табели во Excel, кому го препорачуваш?

На Pop-up курсот: Пивот табели во Excel учесниците ќе научат што е Pivot табела и како се дизајнира, и на кој начин овој збирен преглед на голем износ на податоци го олеснува процесот на носење квалитетни бизнис одлуки. Ќе креираат и динамичка табела поврзана со Pivot табела, и ќе им се разјасни како да изведуваат визуелен приказ односно графикон. Го препорачувам на секој претприемач, студент, истражувач, маркетер, бизнис аналитичар или ентузијаст кој секојдневно работи со податоци и сака да се стекне со вештината да ги користи во генерална полза за себе и своето работно место.

4. Како ти учиш нови вештини и кој е најефективниот начин за учење?

На почеток секогаш се запознавам со теоретскиот дел на секоја нова вештина и што истата може да ми понуди и во кој дел може да се искористи. Следниот чекор е учењето преку практична настава и реален проект без оглед на неговата големина. Овие две фази сметам дека се и единствените за неизбежен успех.

5. Број 1 совет за кариера од соништата? ?

Секој почеток е тежок, следете го инстинктот во која област може да бидете најдобри и започнете го првиот чекор. Само така хобито ќе стане професија!

Пријави се на Pop-up курсот: Пивот табели во Excel овде.

Пивот табели курс

 

Овој текст е објавен во категоријата Бизнис и ги содржи следните клучни зборови: Brainster . brainster kariera, kariera . kursevi, вработување, кариера, нова кариера, платформа, работа, стартап, технологија . obuka, akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za marketing, obuka za marketing, обука за маркетинг. kurs za google ads, курс за google ads, kurs za microsoft excel, kurs za excel skopje.