Веќе знаеш дека Photoshop е програма која денес се користи во секоја индустрија, секоја компанија, секој проект. Новиот Курс за Adobe Photoshop CC е наменет за секој што сака да се запознае со креативната индустрија и да оформи стабилна подлога за понатамошна самостојна работа во овој програм.

 

Уште од своето појавување во 1988тата година воведува револуција во графичкиот дизајн па дури и во маркетингот. Главната причина зошто токму оваа програма доживува толку голема популаризација е самиот принцип на работа.

Ни овозможува дирекно да влијаеме на секој пиксел од сликата одделно или на повеќе пиксели како целина. Меѓутоа можеби најважното својство на Photoshop е тоа што работи со слоеви кои гледани на мониторот изгледаат како една единствена фотографија, но можат одделно да се модифицираат.

Како на твојата фотографија да  го додадеш еден од најважните слоеви во Photoshop? Тоа е слојот со кој можеш да ја менуваш светлината и контрастот на фотографијата.

Отвори ја фотографијата во Photoshop. Тоа можеш да го направиш на два начина:

  1. Најди  ја фотографијата која сакаш да ја едитираш во фолдерот. Со десен клик oди на Open with > Adobe Photoshop.Screenshot_2
  2. Отвори ја програмата. Од главното мени одбери го File опаѓачкото мени и кликни Open, со што ќе ти се отвори ново прозорче каде ќе можеш да ја најдеш фотографијата која сакаш да ја едитираш.

 

Screenshot_1

Отворената фотографија во програмата ќе изгледа вака:

Screenshot_3

 

За да ги промениш светлината и контрастот на фотографијата погледни во долниот десен агол на прозорецот и побарај ја кружната икона обоена половина црно, половина бело.

Screenshot_4

Од менито кое ќе се отвори со кликање на оваа икона одбери Brightness/Contrast

Screenshot_5

Подесувај ги слајдерите се додека не го добиеш посакуваниот резултат. Овие вредности ќе бидат различни за секоја фотографија.

Screenshot_8

 

Ова е всушност промената која сме ја направиле:

skopje-1211skopje-121

 

Ова и многу повеќе се изучува на Курсот за Adobe Photoshop CC. Дополнително, научи како да додаваш различни видови на слоеви, како да додаваш одреден ефект само да одреден дел од фотографијата со работа на реален бриф од почеток до крај.

Related Stories For You

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА