Периоден систем на елементите проект на Тамара Димитриевска

Тамара Димитриевска е еден од оние студенти заради кои постои Brainster. Нејзиниот завршен проект периоден систем на елементи е причината зошто ги создадовме академиите. Успешен и инспиративен проект кој ти помогне да ги научиш на забавен и сликовит начин хемиските елементи. Секој елемент е претставен со фотографија во природата каде би можел да се најде. 

Ако сакаш и ти да работиш на проекти кои се значајни за заедницата, погледни ја нашата програма на Академијата за програмирање.

Од каде потекнува твојата желба да се запишеш на Академијата за програмирање? Која е твојата приказна?

Водејќи се од начелата на еврејската поговорка „Ако не напредуваш, назадуваш“, како и желбата за постојано учење и лична надградба, ме доведоа до одлуката да се запишам на академијата. Притоа знаејќи го фактот дека при конкурирање за работно место, искуствата од оваа академија можат да бидат само позитивни, мојата одлука стана уште поцврста и реална.

 

Дали Академијата за програмирање ги исполни твоите очекувања?

Гледајќи како на целина, можам да кажам дека сум задоволна од академијата. Пристапот и  методите на учење беа соодветно прилагодени на студентите и на нивното ниво и познавање од областа, со што напредувањето беше лесно и забавно.

Кој е омилен проект на кој работеше досега?

„Периоден систем на елементи“  беше дефинитиво проектот во кој за прв пат се здобив со потребното практично знаење од областа(react), и почнав да ја разбирам логиката на технологијата. Тоа беше мојот прв и значаен чекор кој ми ја даде самодовербата и поттикот да продолжам понатаму.

 

Како дојде до идејата да изработите периоден систем на елементи?

Суштината на идејата се содржи во една моја размисла дека не се што е тешко мора да биде одбивно и здодевно. Напротив, поголемиот товар треба да ни биде поголема инспирација и мотивација за успех. Овој проект ги задоволуваше тие критериуми, заедно со мојата аматерска наклоност кон хемијата :). Изработката на таков еден проект значеше навистина голема посветеност на време и енергија, влегување во непозната за мене територија и доста потешкотии, кои на крај беа решени со успех.

Евидентен беше напредокот во знаењата и вештините на работа со „React“, како и сатисфакцијата од успешно завршениот проект.

 

Најважно нешто на кое те научи Brainster?

Како нешто најважно што сум научила, сметам дека е сознанието дека секогаш треба да бидеме отворени и спремни да научиме повеќе. Технологиите брзо напредуваат а со тоа и побарувачките на пазарот. Секогаш треба да бидеме флексибилни и да не се држиме до тоа што веќе сме го научиле како здраво за готово, туку да бидеме во чекор со трендовите во светот и нашиот ум да го тренираме секогаш да биде во состојба на „вечен студент“.

 

Како најлесно учиш и што е последно нешто кое го научи во Brainster?

Иако теоретското знаење секогаш е од корист, сепак мојот најлесен начин на учење е практичен. Реален проект кој би содржел и лесни и потешки задачи, па одејќи прогресивно од лесните кон потешките, по пат на грешки и учење од истите. 

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.