Отворена работна позиција во Brainster: PHP Developer

Тимот на Brainster постојано расте и во моментов е во потрага по искусен PHP Developer кој ќе ни се приклучи на нашето патување да станеме највлијателната компанија на Балканот.

Ти нудиме можност да работиш 20 саати неделно, кога сакаш и од каде сакаш и да бидеш СУПЕР платен/a за тоа.

За успешно извршување на работните обврски од кандидатот ќе се бара да има минимум 4 години работно искуство како PHP програмер, да знае Laravel Framework, да има портфолио на завршени проекти со кои може да се пофали, да биде detail oriented и да биде во можност да одржува тренинзи за Back End програмирање.

ШТО ЌЕ ПРАВИШ НА РАБОТА?

✓ Одржување, интеграција и развој на елементи за потребите на Brainster.co веб страната

✓ Ќе работиш на супер интересни мали Side Projects за потребите на Brainster кои имаат социјален карактер

✓ Ќе развиваш и реализираш обуки за Back End програмирање

✓ Ќе ги следиш Tech трендовите и ќе се осигураш дека постојано ќе произведуваме иновативни решенија

✓ Ќе се состануваш еднаш неделно со менаџмент тимот за евалуација на сработеното и заедничко поставување на нови работни задачи.

ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И КАРАКТЕРНИ ОСОБИНИ

✓ Минимум 4 години искуство како PHP програмер

✓ Екстровертна личност: Ќе зборуваш пред многу нови луѓе, ќе презентираш пред публика и ќе одржуваш групни тренинзи.

✓ Факултет: Не ни игра никаква улога. Повеќе ни значи твоето искуство, проекти и вештини.

✓ Одлично познавање на PHP Laravel, LAMP stack, OOP

✓ High-achiever.

✓ Љубов за работа СО луѓе, љубов СПРЕМА луѓето.

ШТО НУДИМЕ

✓ ОГРОМЕН ПРОСТОР за личен и професионален развој

✓ Ако не ти се работи од дома имаме супер канцеларии во срцето на Дебар Маало

✓ Годишен бонус

✓ Конкурентна плата

✓ Можност за работа по 17 часот (како втора работа)

✓ Флексибилно работно време

✓ Годишен буџет за тренинзи

✓ Бесплатно посетување на сите обуки во Brainster

Our Manifesto:

Get Shit done, execute, execute, execute, always be learning and always be teaching, it is OK to fail, it is OK to take risks, Innovate or die, have empathy. We are a secret society.

Испрати линк до твоето портфолио или твоето CV најдоцна до 11-ти февруари на [email protected] со Subject Line: Апликација за работа и краток email текст.

Среќно!

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫