Отворена работна позиција во Brainster: Графички дизајнер

Ако ги имаш Photoshop и Illustrator во малиот прст, ако ги следиш најновите трендови во дизајнот и ако си доволно самоуверен/a да го споделиш своето знаење пред полна просторија, можеш да бидеш дел од најбрзорастечкиот стартап во Македонија!

Тимот на Brainster постојано расте и во моментов е во потрага по искусен Графички Дизајнер кој ќе ни се приклучи на нашето патување да станеме највлијателната компанија на Балканот.

Ти нудиме можност да работиш 20 саати неделно, кога сакаш и од каде сакаш и да бидеш СУПЕР платен/a за тоа.

За успешно извршување на работните обврски од кандидатот ќе се бара да има минимум 4 години работно искуство како графички дизајнер, портфолио на завршени проекти со кои може да се пофали, да биде task oriented, да биде во можност да одржува тренинзи, да сака да експериментира и да е фокусиран на постојано подобрување и иновирање.

ШТО ЌЕ ПРАВИШ НА РАБОТА?

✓ Ќе изработуваш дизајни за потребите на маркетинг тимот на Brainster (супер кул се, ќе сакаш да работиш со нив). Ќе изработуваш дизајни за e-mail, каталози, решенија за онлајн содржина, постери и други дигитални решенија кои ќе ни помогнат да го подобриме задоволството на постоечките клиенти и да привлечеме нови.

✓ Ќе развиваш и реализираш обуки за графички дизајн

✓ Ќе ги следиш трендовите (Tech & Design) и ќе ни овозможиш постојано да се издвојуваме со иновативен дизајн.

✓ Ќе се состануваш еднаш неделно со менаџмент тимот за евалуација на сработеното и заедничко поставување на нови работни задачи.

ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И КАРАКТЕРНИ ОСОБИНИ

✓ Минимум 4 години искуство како Графички Дизајнер

✓ Екстровертна личност: Ќе зборуваш пред многу нови луѓе, ќе презентираш пред публика и ќе одржуваш групни тренинзи

✓ Факултет: Не ни игра никаква улога. Повеќе ни значи твоето искуство, проекти и вештини.

✓ Одлично познавање на Photoshop, Illustrator и добро познавање на InDesign.

✓ Организиран/a и со око за детали

✓ Страстен за раст, технологија и образование

✓ High-achiever

✓ Тимски играч: смирен, корисен за тимот, способен да работи во тим без хиерархија

✓ Јасна визија за тоа каде сака да напредува

✓ Љубов за работа СО луѓе, љубов СПРЕМА луѓето

ШТО НУДИМЕ

✓ ОГРОМЕН ПРОСТОР за личен и професионален развој

✓ Ако не ти се работи од дома имаме супер канцеларии во срцето на Дебар Маало

✓ Годишен бонус

✓ Конкурентна плата

✓ Можност за работа по 17 часот (како втора работа)

✓ Флексибилно работно време

✓ Годишен буџет за тренинзи

✓ Бесплатно посетување на сите обуки во Brainster

Our Manifesto:

Get Shit done, execute, execute, execute, always be learning and always be teaching, it is OK to fail, it is OK to take risks, innovate or die, have empathy. We are a secret society.

Испрати го твоето портфолио најдоцна до 11-ти февруари на [email protected] со Subject Line: Апликација за работа и краток email текст.

Среќно!

 

 

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.