Иден маркетер кој е во подем, Ангела Младеноска ќе ни сподели како Курсот за Онлајн Маркетинг ја инспирираше да започне свој блог и да се посвети на дигиталниот маркетинг.
Која е Ангела и со што се занимава? 🙂
Магистер сум по маркетинг и работам фриленс во областа на дигиталниот маркетинг. Исто така работам и на својот блог Nowadays Wow кој опфаќа теми од мода и животен стил.
До сега имаш посетено неколку курсеви во Brainster. Како најчесто учиш нови работи?
Ги имам посетено Онлајн Маркетинг – Практични примери со Петар Ниновски, курс за Facebook рекламирање и курсот за Блогирање. Сигурно ќе посетам минимум уште толку! 🙂 Токму на ваков начин учам нови работи. Со посета на курсеви и обуки, онлајн курсеви, читање на најнови трендови во светот и кај нас. Преку практични работи. Никогаш не е доволно од усовршување и надоградување на своето знаење.
Како си помина на Kурсот за Онлајн Маркетинг? 🙂 Знаеме дека имаш блог за мода, како ги примени научените работи од овој курс?
Всушност се почна од курсот за Онлајн маркетинг. Практични примери и совети, особено во делот на блогирање. Mе заинтересираа да почнам да размислувам да отворам свој блог, па по извесно време тоа и го направив. Знам од време на време да ги отворам презентациите да проверам дали правилно сум го напишала блог постот или да се потсетам на другите елементи. Во иднина искуството кое го стекнав од курсот се надевам ќе ми користи за уште поголеми успеси.
Што се однесува до мојот блог тој е во подем. Сега за сега го користам Organic (со неплатени реклами) бидејќи сакав најпрво да го ажурирам со интересни блог постови. Во блиска иднина ќе почнам да го користам и Paid. Mорам да се пофалам дека моите блог постови се рангирани високо, а до скоро ја имав и мојата прва соработка со еден познат македонски бренд за мода. 🙂
Што те привлекува најмногу кај маркетинг како идна професија?
Искрено подолго време се трудев да пронајдам кој дел од маркетингот најмногу ме привелкува. Секогаш сакав да ги пратам трендовите, што е тоа различно од традиционалното, а сепак да биде креативно, со интересна содржина. На крај, време беше да се пронајдам во нешто па најмногу време посветувам на дигиталниот маркетинг. Зошто баш дигитален маркетинг? Овозможува следење на една кампања. Колку е гледана, колку често, колку долго, следење на мислењето на потенцијалните клиенти.. И секако најважно, кој контент најуспешно функционира. Проследувањето на интересни информации, креативното пишување, надополнето со квалитетни слики се мојата „слабост“.
Кој ти е моментално најголемиот предизвик на кариерен план? 🙂
Сакам да станам млад претприемач каде ќе можам да го споделам моето знаење и да бидам различна. Некоја комбинација од она што ме исполнува и што се бара на пазарот. Убаво е да се имаат идеи, а уште поубаво да можат да се реализираат. За тоа треба голем труд, време и трпение. Штом ги совладам основните работи за почеток на еден бизнис, ќе започнам подготовка на мојот бизнис план. Што мислите на тоа? 😀
Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, книги за дизајнери, книги за програмери. книги за бизнис. книги за маркетинг, knigi za dizajn, knigi za marketing, knigi za programiranje, knigi za biznis, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг