Онлајн маркетинг трендови кои треба да ги следиме во 2016 година

„Маркетинг алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.

Веќе не е потребно да се објаснува  екстремно брзиот равој на технологијата но може да се напомене дека  преку неа екстремно брзо се развива и онлајн маркетингот. Следејќи ги новите трендови и вложувајќи во нив, бизнисите се чекор  понапред од нивната конкуренција,  а со самото тоа имаат и можност за освојување нови пазари.

Следните трендови се оние кои ќе обезбедат популарност и  ефикасност во 2016.

Video-Advertising
Видео реклами

Онлајн видеата се иднината на маркетингот. Од неодамна  Facebook  и Bing  нудат видео опции за рекламирање, а веќе и Google експериментира со истото. Ова значи дека се зголемува бројот на корисници кои ги прифаќаат онлајн видео рекламите. Овој тренд треба да се прати бидејќи :

    • Видеата ќе опфаќаат 69% од вкупниот интернет сообраќај до 2017 година
    • 64% од маркетинг експертите очекуваат видеото да доминира над сите стратегии
    • Во просек 7 од 10 луѓе имаат подобар впечаток за брендот после изгледаната видео реклама
    • Се има во предвид фактот дека YouTube има милијарди посетители секој месец најмногу од било кој друг медиум
    • Овозможуваат задржување на веб страната како и споделување.
    • Помали финанскиски трошоци

 

marketing-commercial-relationnel-automatisation

Маркетинг автоматизација

Маркетинг автоматизацијата е во процес на големи промени . Според експертите 70% од пазарите не се сосема задоволни со софтверот за маркетинг автоматизација. Но, бизнисите го признаваат големиот потенцијал на овој тренд поради тоа што :

    • Експертите предвидуваат брз пораст на маркетинг платформите во текот на наредните три години
    • Платформата ќе нуди круг на препораки, отворени програми , достапност
    • Предвидливи интелигентни платформи
    • Интуитивни за барањата на корисниците
    • Адаптација и постојана надоградба за потребите  на корисниците

 

Concept for mobile apps - smartphones on hands with mobile applications

Апликации

Апликациите се издвојуваат како победници односно најинтересни иновации во онлајн маркетингот. Многу корисници се осврнуваат кон мобилните уреди и паметните часовници менувајќи го обликот на онлајн пребарување. Апликациите го револуционизираат начинот на купување и пребарување и сите гигантски индустрии се осврнати на ова. Последните предвидувања за апликациите се:

  • Корисниците користат  90% од можностите на уредите на апликациите
  • Мобилниот дигитален медиумски простор е зголемен за 51% додека десктоп просторот падна на 42%
  • Forrester предвидува трансакции преку мобилна трговија да достигне 142 милијарди долари во 2016

Со новите методи во апликациите како препораки врз основа на претходни побарувања се предвидува неизбежна експлозија на апликациите како онлајн маркетинг тренд.

Среќно,

Brainster заедницата

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.