Од стартап до бренд во 5 чекори – стартап алатка #23

„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.

Многу често поимот брендирање го сведуваме на лого и боја на компанијата, меѓутоа брендирањето е всушност многу повеќе од тоа. Добриот брендинг ќе го донесе најголемиот дел од корисниците на вашиот продукт или сервис, што го прави навистина многу важен, особено во периодот додека започнувате со вашиот бизнис и се наоѓате во стартап фазата. Вашиот бренд е всушност мислењето кое го имаат вашите корисници за вас. Со што го поврзуваат вашиот производ или сервис. Дали кога ќе се спомне името на вашиот бизнис ги потсетува на: сигурност, луксузност, иновација, софистицираност, брзина, дизајн, оригиналност, итн…

banner-inner-blog
Вашиот бренд го сочинуваат: Името, луѓето поврзани со брендот (вашиот тим и вашите корисници), Логото, Вашата приказна, Слоганот, Вашето однесување во јавноста (како реагирате на актуелните трендови и случувања, хуманитарната работа, транспарентноста, вашите етички и морални вредности), визуелниот јазик кој го комуницирате и искуството на вашите предходни корисници.
Многу важна работа која уште на почетокот треба да ја сфатите е дека корисникот не го купува вашиот производ заради вас, туку заради него самиот. Човекот е социјално суштество. Обрнете особено внимание на тоа каков впечаток ќе остави корисникот на вашиот производ пред другите, што ќе каже тоа за него како личност, како тоа ќе се одрази на неговиот имиџ и репутација. Дали сликата која ја нуди вашиот производ е соодветна за вашата целна група на корисници?

Брендинг

Во продолжение прочитајте како во неколку чекори да го изградите вашиот бренд:

1. Име на стартапот/продуктот/компанијата/…

Постојат повеќе категории имиња: имиња кои звучат весело (Yahoo, Google), имиња добиени според потеклото на производот или компанијата (Disney, Rolls Royce), сосема ново измислени имиња (Kodak, Rolex), имиња кои содржат објаснување за што се работи и најчесто се кованици (Facebook, Volkswagen, Microsoft, Fedex), и Акроними (IMB, BMW). Без разлика за какво име ќе се одлучите, проверете дали вашето име ги задоволува следните критериуми:

  • Дали со него создавате силен прв влечаток?
  • Дали е лесно читливо и дали лесно се изговара?
  • Дали се чувствувате задоволно кога го кажувате?
  • Дали е кратко и лесно запаметливо?
  • Дали здрачи со кредибилитет?
  • Дали можете да го регистрирате и заштитите?

kupon financii

Уште на самиот почеток на вашата компанија неизбежна е потребата од веб страница, што значи потребно ви е име за кое ќе можете да закупите домеин и ќе можете да го пријавите како име на компанија.
Следните неколку страници ќе ви помогнат во процесот на одбирање име и проверување на достапноста на соодветен домеин:

2. Која е вашата предност пред конкуренцијата?

Вашиот бренд треба прецизно да ве диференцира од конкурентите. Што е она што вие го нудите подобро или повеќе од вашите конкуренти, зошто корисниците би ве одбрале токму вас наместо некој друг. Најдете го наједноставниот начин да кажете/покажете како вие се разликувате од останатите. Истакнете го она по што би сакале да ве препознаваат вашите корисници.

Брендинг

Некои прашања кои ќе ви помогнат да ја откриете вашата предност пред конкурентите:

  • Во која индустрија работите?
  • Која новост ја воведувате во индустријата преку вашиот бизнис?
  • Што произведувате?
  • За кого, кој е вашиот таргетиран корисник? Какви потреби има тој корисник? Со што се занимава, што го интересира?
  • За кој пазар е наменет вашиот производ или услуга?
  • Каков тренд создавате или следите?

3. Која е вашата приказна

Зад започнувањето на било каков бизнис стои некаква приказна: како сте ја добиле идеата, зошто сте одлучиле да превземете нешто, итн. Луѓето сакаат добри приказни и тоа не е новост. Уште многу одамна целото племе се собирало околу оганот да ги слушне приказните на поглаварите, а токму така ќе се собираат и корисниците околу вашиот производ доколку им пласирате добра приказна.

Во продолжение, storyboard кој можете да го користите за да ја дефинирате вашата приказна. Би сакала да потенцирам дека со пополнувањето на полињата не пишувате маркетинг текст, бидејќи ќе звучите како лоша ниско буџетна реклама, туку ставањето на хартија на сите овие работи треба да ви послужат добро да ја дефинирате приказната која ја претставува вашиот бизнис, за понатаму полесно да го развивате вашиот бренд.

Брендинг

4. Лого

Нареден чекор е целата таа приказна да ја претставите со една слика, со еден симбол, не поголем од 2х2 центиметри. Во креирањето на лого можете да имате најголема креативна слобода, но на крајот сепак логото мора дури и на прв поглед да ја претставува вашата приказна. Има повеќе типови на логоа; букви, зборови, симболи, амблеми, карактери, абстрактни форми, но кој тип и да го одберете логото треба без размислување да асоцира на суштинската дејност со која се занимава вашата компанија.

Некои страници кои можат да ви помогнат во создавањето на лого:

5. Слоган (Tagline)

Ова е всушност онаа реченица која најчесто оди под вашето лого и на кратко објаснува со што се занимавате. Замислете дека на купувачот можете да му кажете максимум 5 збора со кој ќе го заинтересирате да ја посети вашата веб страница или да го купи вашиот продукт. Кои ќе бидат тие зборови? Како ќе го информирате корисникот со што се занимавате? Која вредност му ја нудите?

JUST DO IT
THE ULTIMATE DRIVING MACHINE
IT’S NOT TV, IT’S HBO
LET YOUR FINGERS DO THE WALKING
I’M LOVING IT

6. Дизајн

Од особена важност е вашиот бренд, вашиот продукт, веб страницата, промотивните матријали и се што излегува во јавност да бидат една конзистентна целина, да изгледаат слично, да го имаат истиот стил и истите бои. Секој фонт, боја, дизајнерски стил имаат различен карактер и претавуваат различни вредности. Пронајдете ги вистинските кои одговараат на пораката на вашиот бренд. Препорачливо е уште на самиот почеток да го составите вашиот брендбоок кој ќе го дефинира начинот на кој треба да се користат елементите на вашиот бренд.

Сакате да добивате известувања за курсеви? Регистрирајте се тука

Ве очекуваме,
Brainster заедницата

Related Stories For You