„Со оглед на тоа колку бев исплашена и несигурна дали ќе успеам во замисленото мислам дека сè излезе многу подобро од што сакав и планирав. Успеав да направам професионална трансформација за помалку од пола година, почнав со работа уште за време на студирањето на Академијата така што можам да кажам дека сум многу повеќе од задоволна.“

Кога Марина Димитриевска го презентираше завршниот проект – комплетна маркетинг стратегија за The Beetles Club, со што успешно ја заврши Академијата за дигитален маркетинг, на сите ни беше јасно дека на маркетинг сцената доаѓа уште еден голем талент со потенцијал за највисоки дострели. Зрело, креативно, концепциски јасно и визуелно совршено испорачано. Самодоверба стекната преку практична работа на Академијата, која и помогна да се впушти во freelance водите и брзо самостојно да преземе сериозни проекти. Одличен повод да ја сподели со нас нејзината приказна.

Од каде желба за дигитален маркетинг? Што стои зад одлуката да направиш ваков чекор кога се работи за твојата кариера?

Освен тоа што маркетингот отсекогаш ми бил фасцинантна професија, мислам дека за ваквиот чекор најмногу придонесе поминувањето време на социјални мрежи. Сериозно. Знаете кога во скролање по тајмлајн ги приметувате сите тие реклами како креирани за вас? Како да се направени според вашите желби и потреби, како некој да ви ги чита мислите. Па почнав да се интересирам како функционира дигиталниот свет, почнав да читам за тоа, и како откривав по нешто сè повеќе ме интересираше, и така информација по информација сфатив колку уживам и дека можеби си ја најдов професијата на мојот живот.

Што најмногу ти сметаше во претходната професија?

Не можам да кажам дека не си ја сакав претходната работа. Како социјален работник се соочував со многу поразлични предизвици, едноставно мислам дека дојде време кога сакав да почнам нешто ново, нешто што ме интересира уште повеќе, маркетингот отсекогаш ми бил предизвик па решив да си дадам шанса и да пробам да направам професионална транформација затоа што секако немав што да изгубам, можев само да добијам многу повеќе.

Како дозна за Академијата за дигитален маркетинг и како се реши да се запишеш на неа?

Иако некое време следев онлајн курсеви и читав многу за дигиталниот маркетинг сфатив дека е многу подобро кога имаш некого да ти објасни, да ти покаже, и да работиш на конкретни практични примери, секако тоа најдобриот начин да совладаш нешто. Тогаш почнав да пребарувам каде има да се научи нешто повеќе за дигитален маркетинг во Македонија и секогаш како резултат ги добивав Бреинстер (со причина), по еден краток курс од кој бев презадоволна решив да се запишам на Академијата за дигитален маркетинг поради обемот на материјалот кој го опфаќа, како и врвните предавачи, уште од старт веќе бев сигурна дека можам да очекувам супер резултати.

Дали имаше некакво претходно искуство кога е маркетинг во  прашање?

Немав баш некое претходно искуство со маркетингот, можеби некој мал дел што е неспоредлив со тоа што ме интересираше и што сакав да го работам.

Што најмногу ти се допадна на академијата?

Ако нешто баш треба да издвојам, дефинитивно ќе кажам можноста да учам од професионалци кои се фантастични во својата работа и кои доаѓаат од различни сегменти на маркетингот, освен тоа секако можноста да бидам креативна и да го извадам најдоброто до себе, понекогаш дури бев изненадена што се можам да направам. Академијата е структурирана на таков начин да секој од студентите се пронајде некаде во светот на дигиталниот маркетинг. Некој е подобар во креативниот дел, некој во аналитичкиот, битно секој добива шанса да биде добар во нешто, што е дополнителен плус отпосле во процесот на барање на работа. И да не го заборавам дружењето, запознав многу кул луѓе со кои целиот тој процес на учење беше многу полесен и позабавен.

Кои беа најголемите предизвици на академијата?

Покрај другото, низ текот на академијата имавме можност да работиме на реални проекти, мислам дека нема поголем предизвик да покажеш што имаш научено од тоа, да го пренесеш знаењето во супер изработен проект за вистински клиенти, работењето на реални кампањи беше најголем поттик да дадеме се од себе и да почнеме да размислуваме како вистински професионалци, освен тоа секогаш добивавме фидбек од инструкторите со што знаевме како сме си ја завршиле работата, во што сме особено добри и каде има место за корекција, што е супер за да можеме да работиме на себе и да се надградуваме како да бидеме уште подобри и успешни во својата работа.

Кои се твои совети за луѓето кои се спремаат за ваква професионална трансформација?

Знам дека звучи клише ама она што јас би ги советувала сите што сакаат професионална транформација дека желбата е најбитна, да бидат упорни, да не се плашат и да си дадат шанса на себеси. Ништо не е толку недостижно ако доволно го сакаме и се трудиме да го оствариме. Е освен тоа дефинитивно да читаат, да читат мноооогу, да истражуваат и да аналзираат. Сите поминуваме доста време на интернет и на социјалните мрежи, убавото во дигиталниот маркетинг е што пак можете да поминувате време на социјални мрежи но истовремено да научите и нешто ново, да ги пратите трендовите и да ги искористите во својата работа и да бидете чекор пред другите.

Што најмногу ти се допаѓа во она што го работиш во моментов?

Најмногу од сè ми се допаѓа просторот што го имам за креативно изразување, можноста да работам на најразлични кампањи и приказни и да го следам нивниот тек. Во дигиталниот маркетинг има милион алатки со кои можеме да го следиме и мериме успехот на нашата работа, целиот тој процес е многу интересен, креираш, тестираш, мериш, наоѓаш решенија, малку креатива, малку аналитика и времето ти поминува во работа а не се ни осеќаш како да работиш затоа што е многу, многу интересно.

На какви проекти работиш во моментов? За каква проекти во иднина сонуваш?

Моментално работам на неколку интересни проекти, од поинтересните би ги издвоила маркетинг за туристичка агенција и агенција за посредување на визи. Наскоро почнувам со нешто сосема ново па мислам дека ќе ми биде уште позабавно. Како фриленс дигитален маркетер имам можност да работам во најразлични сектори што само по себе е огромен предизвик, затоа што секој проект е различен и секој од нив има посебна приказна за раскажување. Секогаш се радувам кога почнувам со нешто ново, како да учам пак отпочеток.

Како ти се чини твојот почеток од сегашна перспектива?

Со оглед на тоа колку бев исплашена и несигурна дали ќе успеам во замисленото мислам дека сè излезе многу подобро од што сакав и планирав. Успеав да направам професионална трансформација за помалку од пола година, почнав со работа уште за време на студирањето на академијата така што можам да кажам дека јас сум и повеќе од задоволна.

Кои се твоите навики за кои мислиш дека најмногу ти помогнале да успееш да ја направиш оваа трансформација во кариерата?

Јас сум човек што не стои во место, сакам предизвици, сакам да пробувам нешто ново, многу сум упорна и верувам дека некогаш единствено нешто што ни стои на патот до успехот сме самите ние. Мора да си дадеме шанса, во 2019 година имаме толку многу достапни информации што е штета да не ги користиме за да направиме нешто корисно за себеси. Желбата, упорноста и љубовта кон тоа што го правиме секогаш се исплати.

Ќе ја следиме кариерата на Марина, со надеж дека за некоја година и ние ќе имаме многу што да научиме од неа. А ако и ти би сакал да зачекориш кон нова кариера, прочитај повеќе за Академијата за дигитален маркетинг тука.