После пет години работа како професор по француски јазик Славче Темелковска реши да ја смени кариерата и да стане маркетер. Иако францускиот јазик секогаш ќе биде нејзина прва љубов, сепак сфати дека кариера во образование не нуди премногу опции за напредок. Затоа реши да прекине со барање на изговори од типот „немам време“ и се запиша на Академијата за дигитален. Уште во текот на Академијата беше ангажирана од страна на Црвениот крст да осмисли и направи кампања за курс за освежување на знаењето за прва помош на возачите.

Уписите на Академијата за дигитален маркетинг се во тек. Доколку и ти размисуваш за ваква кариерна промена целата програма и сите дополнителни информации можеш да ги пронајдеш тука.

Слваче, како се реши да смениш кариера и од професорка по француски да станеш дигитален маркетер бидејќи не се работи за слични професии?

Желбата за маркетинг ја имав секогаш, но премногу обврски не ми дозволуваа да ја остварам. Стекнувањето на знаење од една област никогаш не е доволно, јас секогаш сакам да се надградувам, но образовниот систем во 5 годишна кариера како професор по француски јазик не ми дозволуваше да напредувам. Францускиот јазик и споделувањето на своето знаење секогаш ќе бидат моја прва љубов, но јас сум човек кој не знае да мирува, не познава граници кога е знаењето во прашање. По сплет на околности, ја напуштив мојата професија и веднаш одлучив да се насочам кон остварување на мојата желба да бидам дигитален маркетер.

Кои ти беа најголемите предизвици за тебе при промена на кариера до сега?

Во мојот живот се водам по мотото „Можам, морам и сакам.“ Стравот дека нема да успеам, дека немам никакво познавање беше навистина голем, честопати се прашував дали е ова преголем залак, но моето мото и поддршката која ја добивав на Академијата не ми дозволија да се откажам.

Ова беше твоја прва кампања надвор од Академијата. Како беше твоето искуство со кампањата за Црвен Крст?

Пред да започнам со Црвен крст имав голема недоверба, дали ќе можам, ние постојано работевме на реални проекти за кои бевме оценувани, но сепак сакав да пробам нешто сама настрана од Академијата, да се соочам со предизвикот и успеав.

Кампањата за Црвен крст е моето прво дело, нешто кое ми даде доверба дека навистина можам самостојно да се впуштам во дигиталниот маркетинг, кампања која ми помогна да дознаам кои ми се јаки а кои слаби страни. Кампањата е се уште активна, остануваат уште неколку месеци до нејзиниот крај, но креативноста за истата станува секој ден се поголема.

Како се чувствуваш за фидбекот од кампањата и реакциите на луѓето? Дали се чувствуваш како да го постигнавте она што го имавте замислено?

Кога започнав со работа на кампањата имав трема, исто како и првиот ден кога започнав на Академијата. Со почетокот на кампањата знаев дека за прв пат испишувам нова ера во работата на организацијата, конечно воведуваме нешто ново. Голем успех е да направиш успешна кампања во која средтсвата за работа се минимални, а реакциите на луѓето повеќе од задоволителни. Посебно ми значат коментарите на луѓето кои знаат да кажат дека ја забележале промената на Facebook и Instagram и дека добиваат поинаква слика за Црвен крст. Дека кампањата е успешна покажува и бројката на пријавени лица за освежителниот курс за прва помош иако кампањата е само на половина пат.

Сакам да потенцирам дека кампањата не би би била она што е денес ако ја немав поддршката и насоката од мојот ментор во Црвен крст и секако најдобрите од Brainster кои се секогаш отворени за сугестија, помош и совет.

Дали си задоволна од тоа во кој правец се движи твојата кариера и на какви проекти би сакала да работиш во иднина?

Се уште немам работа како дигитален маркетер, освен мојот сегашен ангажман кој трае до крајот на кампањата. Желбата да работам на други проекти е навистина голема, се надевам дека ќе најдам работа како дигитален маркетер и дека ова е само почеток на моите успеси во дигиталниот маркетиг, почеток на многу нови успешни кампањи и понатамошно надградување на моето знаење.

По кампањата во Црвен крст, би сакала да учествувам и во поголеми кампањи, каде ќе ја внесам своја креативност и ќе го искористам стекнатото знаење.

За крај, што би им порачала на луѓето кои размислуваат за слична промена на кариера?

Никогаш не е доцна да научиш нешто ново и да си ги оствариш своите соништа. На Академијата стекнав нови познанства, но и пријатели со кои дружбата продолжува и по нејзиното завржување.

Само за крај сакам да надополнам, никогаш не се откажувајте од своите соништа “немам врем“ е само изговор .

Доколку размислуваш за промена или започнување на нова кариера, разгледај ги програмите на нашите академии: Академија за дигитален маркетинг, Академија за програмирање и Академија за дизајн. Уписите се во тек.

НОВО | Академија за DATA ANALYTICS и Академија за SALES 👉 👉