Една година по завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг, ги посетивме нашите студенти од претходните генерации на нивните нови работни места. Ова се нивните приказни, како од клупите на Brainster стигнаа до одлични маркетинг кариери во некои од најголемите компании во државава.

„На моето работно место како маркетер во Sport M наоѓам примена на сите вештини што ги стекнав за време на Академијата, но убедливо најпредизвикувачки ми е креирањето на годишниот маркетинг план, вештина која ја стекнав благодарејќи пред се на предавањата на инструкторката Љупка Наумовска“ – вели Александра Ташкова, студентка на Академијата која својата маркетинг кариера ја започна, ни помалку ни повеќе, во Sport M – еден од најголемите брендови за спортска опрема во државава.

Здраво Александра. За нас овие година дена откога заврши како една од најдобрите во твојата група поминаа мошне брзо, a ти веќе успеа да изградиш успешна кариера. Ќе ни раскажеш ли малку повеќе за тоа што ти се случуваше откaко ги напушти клупите на Brainster? 

Здраво Брејнстерци, во моментот кога завршив со Академијата но и за време на истата, веќе се почувствував сигурна во моите знаења и вештини за да можам да почнам да аплицирам за работа како маркетер. Тоа е доброто во Brainster – не само што се учи преку работа на реални проекти туку се добиваат и многу шанси за пракса и вработување. Знаењето и искуството од студирањето, како и работењето надвор од земјава Полска/Англија споено со академијата во Brainster ме донесе таму кај што сум сега.

Како од денешен аспект гледаш на вештините кои ги стекна на Академијата за дигитален маркетинг? Колку ти помогнаа во градењето кариера? Колку се барани и важни во големите компании како што е Sport M?

За голема компанија од областа на спортската опрема, каква што е Sport M и којашто во континуитет излегува со нови и ексклузивни продукти од најпопуларните брендови, маркетингот е клучен од повеќе аспекти. Од нив најважен е секако продажниот аспект, што значи дека е клучно да се представат сите артикли во вистинско време и пред вистинска публика. Многу сум среќна што наоѓам примена на сите вештини што ги стекнав за време на академијата, од кои најпредизвикувачки ми е годишниот маркетинг план – вештина која ја стекнав благодарејќи пред се на предавањата на инструкторката Љупка Наумовска.

Гледаме многу нови и свежи кампањи кои излегуваат моментално од Sport M. На што работиш моментално и кој дел од маркетингот откри дека ти е јака страна?

Омилен дел ми е контент маркетингот. Една успешна содржина ја сочинуваат убава слика, соодветна лексика и примамлива понуда. Потргата по оваа совршена комбинација е мошне возбудлив процес, а задоволството е огромно кога резултатите ќе покажат дека содржината што сме ја креирале навистина одлично функционира кај публиката. Уште една потврда дека во Sport M ова го работиме на највисоко ниво е фактот што мошне често ги гледаме нашите концепти кај други брендови, м ошне скоро откога ние прв пат ќе ги примениме.

Што е она што би им го пренела на сите оние кои во моментов размислуваат да се запишат на Академијата?

Brainster го препорачувам на сите! Иако делува како неконвенционален начин да стекнеш образование, Академијата за дигитален маркетинг ти овозможува со доволно труд и посветеност да дојдеш до одличен конкурентен сет на вештини кои се ценети и барани на пазарот.