Со програмирањето прв пат се сретна за време на нејзините студии, но поинтензивно почна да го учи по запишувањето на Академијата за програмирање во Brainster. За една година од административна работа во дистрибутивна компанија, преку академија и работа во Brainster, до кариера на full stack девелопер во Холандија. Моментално ужива во предизвиците кои со себе ги носи новата работа и одење со точак до истата. Приказната на Ангела Угриновска е една од оние успешни приказни кои во овој период од годината навистина инспирираат и покажуваат дека сѐ е возможно…

Доколку размислуваш за кариера на програмер разгледај ги програмите на Академија за frontend и Академија за full stack

Ангела, веднаш по завршувањето на Академијата за full stack почна да работиш во Brainster како девелопер. Колку време работеше и како се развиваше твојата кариера после Brainster?

Да, по завршувањето на академијата се вработив во Brainster како full stack девелопер и исто така бев асистент на Академијата за програмирање. Работев од април до септември 2018та и веднаш потоа се преселив во Холандија.

Дали работите кои ги учеше на академијата и потоа искуството во Brainster ти помогнаа да стекнеш професионална самодоверба за да почнеш да бараш работа во странство?

Искрено во мојот случај некако се поклопија коцките. Размислував за Холандија од поодамна, и решив да аплицирам, прво за себе да видам до каде сум со знаењето, како би поминала на техничко интервју, и во кои насоки да се надоградувам. Уште на првото мое аплицирање за работа, после едно интервју со човечки ресурси и едно техничко, добив понуда! Така што, да, работите што ги учев на академијата, и работата во Brainster, и самото тоа што бев асистент и постојано си го освежуваш претходно стекнато знаење, потсвесно ми помогнаа да се стекнам со професионалната самодоверба.

Кажи ни нешто повеќе за твоето ново работно место. Во што најмногу уживаш?

Во моментов работам во дигитална агенција Youwe во Ротердам, веќе година и четири месеца како Magento backend developer.

На почетокот ми беше малку тешко, бидејќи нова средина, нови луѓе, работиме со Magento, технологија која што ми беше непозната. Но, еве веќе година и четири месеца сум во истата компанија, со положен сертификат за Magento developer и морам да признаам дека секој работен ден е нов предизвик!

Уживам во тоа што секој ден возам велосипед до работа и назад, уживам во секој успешно завршен task, во тоа што секојдневно се надоградувам себеси и добивам поодговорни задачи, уживам во слободата што ја имам тука.

Кои се твоите совети за луѓе кои размислуваат да започнат кариера во странство? На кои работи треба да обрнат внимание?

Мојот совет за луѓето што почнуваат да размислуваат да започнат кариера во странство е да веруваат во себе и во своето знаење! Да не се откажуваат доколку неколку пати бидат одбиени поради недоволно искуство! Подготвеноста и впечатокот кој што ќе се остави на интервјуата е една од работите на која што треба да и се посвети многу внимание!

Кога почна да учиш програмирање, кои ти беа најголеми стравови и предизвици со кои се сретна?

Кога ја започнав академијата, имав малку страв дека никогаш нема да најдам работа во светот на програмирањето.? Но, успешните приказни од претходната академија, ми даваа надеж дека ако ѝ се посветиш повеќе од 100% на академијата, и веруваш во себе, дека вратите во тој свет ти се отворени!

По карактер сум малку интроверт (малку повеќе ?) и најголема препрека ми беше како ќе се снајдам во нова средина. Но, имав прекрасни колеги во Brainster и ученици од Академијата со кои што успеав да го надминам тоа.

Што би им препорачала на оние кои размислуваат да почнат да учат програмирање?

Доколку веќе некое време тапкате во место и воопшто не напредувате на работната позиција која што сте моментално, и сте во мисла да започнете курс за програмирање, не се двоумете! Преземете го тој чекор веднаш! Да, ќе ве чека околу 9 месеца напорна работа, но верувајте, се исплати!

Уписите на наредните групи на Академиите за frontend и full stack се во тек. Доколку размислуваш да започнеш кариера во ИТ индустрија, аплицирај и започни ја твојата успешна приказна.