Преку омилените обврските на еден маркетер до зошто постојано треба да се усовршуваме и да бидеме во тек со сите трендови. Среќни сме што поразговаравме со Катерина! Прочитајте како си помина на курсот за Маркетинг во Brainster.
Која е Катерина и што работи? 🙂
Јас сум дипломиран новинар и веќе 10 години се надоградувам во областа на PR и маркетинг комуникации. Упорна, истрајна и амбициозна за совладување на новите трендови кога станува збор за маркетинг и социјални медиуми. Среќна сум што повеќе од 7 години сум дел од тимот на Би-МЕК како лице одговорно за PR и маркетинг во компанијата. Би – МЕК e овластен дистрибутер на многу светски реномирани производители на медицинска опрема и биотехнолошки услуги. Предизвикот е голем да се биде во тек со најновите достигнувања во медицината и можноста да се подобри здравствениот систем во нашата држава.
Иако веќе работиш маркетинг долго време, реши да посетиш курс во Brainster. Зошто?
И претходно посетував голем број на обуки и курсеви како дел од мојата професионална надоградба. Среќна сум што во нашата компанија тоа се препознава и ни е овозможено да посетуваме разни обуки со цел подобрување на личните и перформансите на тимот. Втор пат го избрав Brainster односно обука што сметавме дека ќе ми користи во усовршување на моите активности. Во текот на моето работење постојано учам новитети. Независно колку искуство имам стекнато, свесни сме дека трендовите во маркетинг сферата толку брзо се менуваат, што е неопходно да ги следиме и да ги применуваме. Затоа е важно да се добие јасна насока и ефективна комуникација преку методи и техники за унапредување, а тоа несомнено одлично го прават искусните предавачи на Brainster.
Како би ја споредила твојата работа во Би-MEK пред и по курсот за Маркетинг?
Голем дел од темите на овој курс ми беа познати, но сметав дека ми е потребно усовршување. Обуката имаше баш таква цел – практични совети и техники за социјаните медиуми, споделување на искуства и многу корисни алатки за поефикасна комуникација со целната публика. Во оваа професија потребна е константна иновативност и креативност. Од обуката дознав како може да се најде решение и согледување на проблем и од друга перспектива.
Како знаеш дека некоја маркетинг стратегија ќе ти биде успешна?
Никогаш не знаеш ако не ја измериш 🙂 Често правиме анализи и врз основа на тоа ја дефинираме нашата маркетинг стратегија. Ми значи мислењето пред сè од моите колеги и соработници пред да ги ставам на хартија сите активности за стратегијата. Не секогаш предвидените активности биле успешни, но се прилагодуваме на пазарот и потребите на клиентите. Важно е брзо да се реагира и да се следи трендот. Сметам дека флексибилноста е клучна за успешна стратегија.
Кој ти е омилениот дел од работењето маркетинг и PR? 🙂
Мултитаскингот! 🙂 Иако треба многу енергија, секогаш ме исполнува и среќна сум кога ќе завршам повеќе работи истовремено. Постојано е динамично и ме возбудува секое креативно решение, организација на настан или кампања што треба да ја реализирам. Сакам постојано да сум во тек со сите новитети во односите со јавност и маркетингот. Се радувам на секоја интеракција на нашата фан страна на социјалните медиуми. Oдговорноста кон компанијата е огромна и тоа е мојот најголем предизвик, да допринесувам за успешноста и развојот на Би-МЕК заедно со целиот тим.
Овој текст е објавен во категоријата Успешни Приказни и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera, вработување, vrabotuvanje, дигитален маркетинг. digitalen marketing, кариера, нова кариера, работа, обука за маркетинг . obuka, obuka za vraboteni, biznis, бизнис. kurs za marketing, obuka za marketing, covecki resursi, човечки ресурси