Соња Јанковиќ работи во областа на графички дизајн, а еден од чекорите кој го направи за да работи како дизајнер на веб страни беше курсот за WordPress. Kако една од најзаинтересираните учесници го споделува нејзиното позитивно искуство со нас. ?
Претстави се накратко! 🙂
Моето име е Соња Јанковиќ, квалификувана во повеќе области на дизајнот. Поради желбата за постојано надоградување на сопственото знаење, својата креативност и слобода на дизајнирање ја изразувам преку техничко цртање, 3d моделирање и рендерирање во 3ds Max, до визуелно прикажување преку фотографија, илустрација, типографија во Adobe програмите. Моментално работам како графички дизајнер, а после WordPress курсот и како дизајнер на веб страни.☺
За хоби би го изводила секојдневното уживање во спортски активности, кросфит, трчање, точак, планини..мало бегство од дигиталниот свет.
Беше дел од курсот за WordPress. Што научи ново?
Научив како на лесен флексибилен начин да се направи страна, која освен основна веб страна за бизнис, за разни компании и слично, може да биде блог, портфолио, страна за онлајн шопинг, итн. Научив како да работам, инсталирам, да менувам WordPress теми кои ги има во многу разни стилови, да работам со плагини, со чија помош може да се зголеми фукциналноста на WordPress страната. Управување и правење добар избор за hosting и domain, како и безбедност на страната.
Спомна дека работиш графички дизајн. Која е поврзаноста на WordPress со твојата работа, и како сега го применуваш наученото од курсот?
Сметам дека веб дизајнот е многу поврзан со графичкиот дизајн. Вештините кои ги поседувам со манипулирање на фотографии, векторското цртање, типографијата, верувам дека би решиле (или пак би скриле) многу технички проблеми, а помага и во уникатно креирање и разубавување на веб страните. Благодарение на курсот веќе почнав со реални проекти, односно, изработување на веб страни за клиенти. ☺
За сите неуморни ентузијасти што секогаш се спремни да научат нешто ново, зошто би им го препорачала овој курс?
Курсот за WordPress го препорачувам на сите кои првенствено би сакале да вложат во сопственото образование. Потоа на сите оние кои имаат желба за професионално усовршување, особено за оние кои се занимаваат со дизајн и фотографија. Курсот ги содржи сите потребни елементи и вежби кои ги води одличен и стручен предавач.