Един Смајовиќ е програмер чија приказна сакаш да ја прочиташ. Откако помина низ Академијата за Web програмирање, се трансформираше од почетник во full-stack девелопер за 20 недели, се вработи во компанија од соништата и е на пат кон успешна програмерска кариера.

Уписите за Академијата за програмирање се во тек, види ја целосната програма тука.

1. Кажи ни нешто за тебе, што работиш во моментов?

Здраво! 🙂 Jас сум Един, дипломец по компјутерски науки на Штуловиот Универзитет и татко на три деца. Обожавам спорт, добар филм, паметна книга и чист код 🙂 Моментално сум вработен како Full-stack Developer во софтверска компанија за гејминг каде работам на многу динамични проекти.

2. Што правеше пред Академијата за програмирање?

По дипломирањето на факултет, кариерата ме однесе во правец каде имав можност да научам трговија и маркетинг. Особено искуство стекнав во social media и internet marketing. По извесен период одлучив да направам кариерна промена и почнав да ја составувам сложувалката од новата програмерска кариера. Со Академијата, ја завршив потешката половина.

3. Сподели некое искуство од Академијата, како си помина?

Си поминав супер. Запознав интересни луѓе кои имаа иста цел како мене. Тоа ми даде дополнителна  самодоверба и потврда дека сум на вистинското место. Посебно искуство се предавачите кои несебично пренесуваа знаење и искуства од нивниот професионален живот.

4. Кој ти беше најголемиот предизвик за совладување?

Најголем предизвик ми беше финалниот проект кој го работев со мојот тим, каде требаше да го примениме сето знаење што го научивме. Со самото тоа што проектот беше реален, дополнително даваше тежина на предизвикот.

5. Што ќе им препорачаш на сите што мислат дека е касно да станат програмери?

Човек се учи додека е жив 😀 Вистина, сметам дека не постои временска рамка која може да се спротистави на силна желба и искрена љубов кон она што сакаш да го реализираш. Топло ја препорачувам Brainster Академијата за програмирање на секој кој сака да стане добар програмер за рекордно време.

Уписите за Академијата за програмирање се во тек, види ја програмата тука.

Овој текст е објавен во категоријата Успешни Приказни и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, книги за дизајнери, книги за програмери. книги за бизнис. книги за маркетинг, knigi za dizajn, knigi za marketing, knigi za programiranje, knigi za biznis, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za programiranje skopje, академија за програмирање скопје, академија за кодирање.